Медицински услуги

ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА И ХЕМАТОЛОГИЈА

Трансфузијата на крв и хемовигилност

Трансфузијата на крв е процес на примање на крв во циркулацијата преку вена. Таа се применува најчесто ако пациентот крвари, има анемија и нарушување на коагулацијата. Согласно модерната медицинска пракса и во нашата болница се трансфундира само компонентна терапија (еритроцитен концентрат, плазма, тромбоцити и коагулациони фактори) кои се добиваат од единица на целокупна крв.

Хемовигилноста ги покрива сите активности во ланецот на трансфузионата медицина од дарителот на крв до примателот. Овие постапки кои се императив во нашата секојдневна пракса, овозможуваат идентификација и превенција на појавата или повторувањето на несакани ефекти асоцирани со трансфузија на крвни компоненти со цел да се зголеми безбедноста и ефикасноста при трансфузија на крв (СЗО).

Лабораторија за имунохематологија

  • Одредување на крвни групи и Rh фактор кај возрасни и новородени
  • Детекција на антитела –  индиректен антиглобулински тест (ИАТ) или Coombs тест
  • Детекција на антитела – директен антиглобулински тест (ДАТ)
  • Тестови на компатибилност

Овие тестови рутински се прават кај секој пациент пред да прими трансфузија или пред операција, со цел да се спречат сериозни посттрансфузиски реакции. Дел од овие тестови се прават и во тек на бременоста кај мајката и кај новороденото.

Лабораторија за хемостаза и тромбоза

  • Протромбинско време
  • Парцијално тромбопластинско време
  • Тромбинско време
  • Квантитативно определување на вредноста на фибриноген

  • Тест на D – Dimer
  • INR од венска и капиларна крв за водење на орална антикоагулантна терапија со витамин К антагонсти, лекови кои се примаат по шема (acenocumarol, warfarin)
  • Anti-Xa (за одредување на доза на хепарини вклучително и нискомолекуларен хепарин)
  • Испитување на функција на тромбоцитите
  • Испитување на делување на антитромбоцитни лекови (Aspirin, clopidogrel, ticagrelor, prasugrel)
  • Дел од овие тестови се рутинска анализа пред и после операцијата за да се дијагностицираат нарушувањата во хемостазата.

Лабораторија за хемостаза и тромбоза

Васкуларнен преглед на венски систем

  • Флебологијата е медицинска специјалност за дијагностицирање и третман на заболувањата на венскиот систем.

  • Васкуларниот преглед на венскиот систем – доплер ултразвук на длабоки и површни вени е неинвазивна метода во тек на која лекарот со помош на сонда лесно поминува по кожата на екстремитетите следејќи го течението на венската циркулација. При тоа на екранот се визуелизираат промените на венските крвни садови, нивната функционалност како и присуство на тромби во длабоките и површните вени.

Васкуларнен преглед на венски систем

Останати доктори од овој оддел

Елена Амбаркова Виларова

Д-р Елена Амбаркова Виларова

Спец. по трансфузиологија

elena.ambarkova@zmc.mk

Види го профилот