Ново откритие – превенција од мозочен удар

Дневна доза здравје

април 8, 2015

Суплементација со фолна киселина кај хипертоничари може да го намали ризикот од мозочен удар

После долгогодишни истражувања на ефектот на фолна киселина во превенција на кардиоваскуларни несакани случувања, конечно објавен е позитивен резултат од научни истражувачи во Кина. Доктор Јонг Хуо од Пекиншката Универзитетска болница во Кина презентираше студија која е објавена во Журналот на Американската Медицинска Асоцијација (ЈАМА).
Студијата (China Stroke Primary Prevention Trial – CSPPT) која вклучува 20 000 адулти со хипертензија, но без историја на срцев удар покажала дека третманот со 10мг еналаприл и 0,8мг фолна киселина го намалува ризикот од мозочен удар во тек на 4 ипол години за 21%, споредено со пациенти кои земаат само 10мг еналаприл. Студијата покажала значајна превенција на исхемичен мозочен удар , но не на срцев удар и хеморагичен инфаркт.

Само за потсетување дека гравот, леќата, спанаќот, зелена салата, авокадо, портокали и тропските овошја се храна која е пририодно богата со фолна киселина.