00389 2 3091 484
март 22, 2017
Грижата кон Вашето генитално здравје ја манифестирате преку редовни гинеколошки прегледи и контроли кај Вашиот гинеколог( барем еднаш годишно). Сите сексуално активни девојки и жени треба да бидат и добро информирани дека редовните прегледи може да спречат понатамошно ширење на одредена сексуално пренослива болест преку правилно дијагностицирање и соодветен третман и терапија.
Кои се сексуално преносливи болести?
Сексуално преносливи инфекции се болести кои се пренесуваат преку сексуален контакт, од партнерот кој има сексуално пренослива инфекција.
СПБ се добиваат преку секој вид на сексуална активност, а бидејќи се сериозни болести бараат посебен третман од докторите. Сепак, некои од нив, како ХИВ, се неизлечиви и се смртоносни.
Сексуално преносливи инфекции вклучуваат:
Генитален херпес
ХИВ / СИДА
Гениталните брадавици
Хепатит Б
Хламидија
Сифилис
Гонореа
Трихомонас
Симптоми
Се случува овие инфекции да бидат и без никакви симптоми. Ако симптомите се присутни, тие може да вклучуваат: чешање, непријатна миризба и променет вагинален секрет. Вагиналниот секрет е секогаш присутен. Но, доколку е пообилен и е со променета боја и непријатен мирис, а проследен и со друга симптоматологија како силен јадеж, црвенило и печење, упатува на генитално заболување кое треба да се лекува. Останата симптоматологија која може да се јави доколку имате сексуално пренослива болест се:
рани, израстоци, брадавици на устата, анусот, пенисот или вагината
осип на кожата
болки при мокрење
губиток на тежината, ноќно потење
болки, температура и треска
пожолтување на кожата
крварење од вагината, освен за време на менструација
болни сексуални односи
При било каква промена на вагиналниот секрет задолжителна е посета на гинеколог. Во нашата клиника ќе ги добиете сите потребни информации и соодветни иследувања за овие заболувања, и секако адекватен третман и здравствен совет.