Чуство на мачнина, намален апетит – први знаци на тумор на панкреас

Дневна доза здравје

ноември 12, 2020

Ракот на панкреас зафаќа се поголем број од популација не само во Македонија но и пошироко во светот. Ракот на панкреас започнува во ткивото на панкреасот и често има лоша прогноза дури и кога рано се дијагностицира. Оваа болест обично се шири брзо и ретко се открива во раните фази што е главна причина истиот да биде водечка болест кога станува збор на рак во било кој дел од човековото тело, вели Прим. д-р Јован Мирчевски, специјалист по абдоминална хирургија во Zan Mitrev Clinic.

Панкреасот е орган кој што се наоѓа во системот за варење, тој е една жлезда која има примарна улога во варење на храната, на белковините, јеглехидратите и мастите, и има многу важна улога при регулирање на шеќерот во крвта бидејќи лачи инсулин и глукагон. Самата негова анатомија е така поставена да може да ги има тие функции. Панкреасот е една жлезда која се наоѓа длабоко и задскриено во организмот, и со самото тоа е малку потешко за детектирање и дијагностицирање на болестите на панкреасот. Симптомите од оваа болест се манифестираат со намален апетит, анорексија, чуство на мачнина во одредени случаи се појавуваат жолти дамки или пак дел од очите добиваат жолта боја како и коагулација на крвта.

Панкреасот анатомски се состој од три дела: глава, тело и опашка. Меѓу главата и телото има еден мал сегмент кој што се вика врат на панкреасот. Анатомската поставеност на панкреасот е многу битно да се има како познавање бидејќи симптомите на туморите на панкреасот зависат од тоа каде започнува туморот и каде се развива истиот. Првични симптоми се добиват ако туморот е на главата на панкреасот, кои најчесто се манифестира со појава на жолта боја на белката на очите и покасно и во кожата. Доколку туморот е на главата на панкреасот може да се каже дека симптомите се појавуваат можеби најрано од сите тумори локализирани на панкреасот, затоа што туморите на телото или на опашот додека не станат големи не се манифестираат со симптоми. Сепак, туморите на телото и опашот на панкреасот за среќа се поретки во однос со туморите на главата на панкреасот.

Што се случува доколку дојде до нарушување на нормалната функција на панкреасот?

Има многу фактори кои влијаат во нарушувањето на функцијата на панкреасот. Исхраната ја има најбитната улога во појавата на панкреасните заболувања, возраста, прекумерната тежина, дијабетес, гентески фактори, пушењето и прекумерното консумирање на алкохолот. Овие нарушувања се делат на воспалителни болести и тумори на панкреасот. Воспалителните болести се најчесто акутен панкреатис, воспаление на панкреасот којшто е тесно поврзано со билиарниот систем (со камења во жолчката, со алкохолизам) и хронично воспаление на панкреас кој не се манифестира со силни клинички знаци како кај акутниот панкреатит, но, прогресивно напредува и го нарушува квалитетот на живот кај пациентот, бидејќи болките се присутни цело време, не може да мирува и не може да се спие. Болките се појавубаат во средниот и горниот дел на абдоменот, најчесто се појавуваат под десниот ребрен лак но честопати се шираат и према грбот.

Туморите на панкреасот не се манифестираат со симптоми бидејќи не ги притискаат другите органи, но сепак се појавуваат некои симптоми кои не се специфични, како што е намалување или губење на апетит, омалаксаност, чуство на еден дискомфор во абдоменот. Овие симптоми се слични и со други здравствени проблеми и не секогаш може  да се смета дека станува збор за тумор на панкреасот, меѓутоа, овие симптоми се доволно за лекарот да помисли и на панкреасот. Туморите од панкреасот најчесто се јавуваат кај повозрасната популација, после 60 годишна возраст, и ако ова веќе не се смета за правило бидејќи сега таа граница се поместува, сега откриваме тумори на панкреас и кај помладата популација почнувајќи од 30 години и нагоре, како кај мажите така и кај понежниот пол.

Панкреасот не е орган којшто се регенерира

Панкреасот не е орган кој што ја има таа способност да се регенерира. Тоа се одразува кога е во прашање акутен панкреатит во зависност на зафатеноста на панкреасот. Во тежок облик на акутен панкреатит доаѓа до пропаѓање на поголемиот дел од ткивото на панкреасот и тогаш се појавуваат симптоми на инсуфициенција на работата на панкреасот, нема квалитетно ткиво,  недостасуваат ензими за варење на храната, ензими за регулација на шекерот. На тој начин се јавува диабетис и се јавува малнутриција, пациентот ослабува и нивната храна не се сварува, истата ја исфрлуваат не сварена, а хроничниот панкреас има прогресивна евалуација, никогаш не престанува со пропаѓањето на ткивото на панкреасот, го уништува хронично и постепено, понекогаш побрзо а понекогаш поспоро но не застанува како процес. Пациентот не може да биде целосно излечен, но  прима заменска терапија за инсулин или за хормони во таблети кои што ја вараат храната како и заменска терапија на она ткиво што е пропаднато од панкреасот и со таа терапија пациентите живеаат подобро. Кај хроничниот панкреатит најважна улога игра адекватната исхрана и заменската терапија на панкреасот.

Дијагноза и третман

Доколку лекарот се сомнева за заболување или рак на панкреасот следуваат следните дијагностички испитувања: лабораторија, ултразвук, компјутерска томографија, магнетна резонанца. Преку овие испитувања, лекарот би можело да има појасна слика за болеста и ќе може да одредува соодветен третман.