ZAN MITREV CLINIC и Интернационалната градинка Pikolini во мисија за здрави деца

Дневна доза здравје

мај 30, 2017

Грижата за здравјето на сите, од било која возраст е приоритетна мисија на ZAN MITREV CLINIC.  Mens sana in corpore sano – во здраво тело здрав дух, како определба поттикнува  здрава исхрана и здрав начин на живот кој треба да се негува уште од најмала возраст. Во таа насока е и најновата соработка на ресторанот “Пулс“ кој функционира во Zan Mitrev Clinic со Интернационалната градинка Pikolini, како синоним за највисок стандард во сферата на згрижување и едукација на децата. Под мотото “За Здрави Деца со Здрава Исхрана“во тек е реализацијата на соработката за  воведување на здрава исхрана во градинкaта.

За најмладата популација тимот на професионални готвачи во болницата, согласно потребите и возраста на децата изработи т.н. скроени менија. Искусните готвачи од ресторанот “Пулс“ од ZAN MITREV CLINIC, секој ден, приготвуваат дневни оброци од одбрани и свежи продукти, а кои преку кетеринг услугата на ресторанот, навремено се  служат на децата од градинката.                                                                                                                                                                                 Избалансирана исхрана и стекнување здрави навики  од мали нозе е главната цел  на оваа заедничка соработка која треба да постигне и општествен импакт, да испровоцира вклученост и од други релеватни фактори. Затоа што проблемот со нездравата исхрана и дебелината кај децата е аларманта, светска тенденција која треба да се менува. Pikolini и Zan Mitrev Clinic отпочнаа да го спроведуваат тоа преку воведување на здрава исхрана и здрави животни навики во градинката, онаму каде децата поминуваат најмногу време од денот и каде ги стекнуваат своите навики и го градат погледот на светот.

Соработката е интердисциплинарна од едукативен и информативен карактер за најмалите. За нив ќе се организираат различни работилници и наменски настани, каде ќе треба да осознаат повеќе за нивната улога при водење на здрав живот преку исхраната и здравите животни навики.

СЕМАФОР НА ЗДРАВА ИСХРАНА
ГОТВИМЕ СО НАЈМАЛИТЕ “ШЕФОВИ“
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО И ОРГАНИТЕ
ЦРТАМЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ
КАМПАЊА- ДА СЕ ХРАНИМЕ ЗДРАВО

Ова се само дел од активностите кои треба да придонесат за здрава исхрана и правилен развој на децата и градење на свест за здрава исхрана.

“Во животот тежнееме кон среќа, но без здравје неа ја нема. Здравјето е основа на квалитетен живот“

д-р Жан Митрев, кардиоваскуларен хирург

“Односот кон храната е истовремено цивилизациски пристап на една личност. Храната е јадење, терапија, лек за организмот и убавина на едно дете. Наша животна мисија е заштита и одржување на здравје, негувани деца и нивен долг и здрав живот“

м-р. Марина Сивакова Тасков и проф. Бисерка Реџиќ Мухиќ.