Специјализирната болница ЖАН МИТРЕВ во новиот руско-македонски каталог

Дневна доза здравје

јуни 19, 2017

Ултра модерен медицински центар во кој работат искусни, врвни професионалци препознатливи по сложените и специфични кардиоваскуларни операции. Но, тие се и лидери во регионот во извршување на уникатни операции од областа на ортопедија, торакална хирургија, урологија, абдоминална хирургија, но и гинекологија. Исклучителни резултати се постигнуваат и кај лекување на гангрена со озон терапија. Бројни пациенти од земјата, но и светот се вредна потврда за тоа…

Ова е извадок од содржината за Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ претставена во руско-македонскиот каталог “По еден пат со светот-Русија и Македонија“, кој беше промовиран од Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност ЕЛИТА.

Во хотел “Русија“, пред бројни гости, стопанственици, медиуми и димпломати за значењето на овој каталог зборуваше Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак. Тој потсети дека  каталогот претставува ефикасен начин за информирање на Русија и на сите земји од Евроазиската унија за трговските, економските, инвестициските и туристичките потенцијали на Македонија.  „Каталогот стана своевиден мост кој уште повеќе ги зближува нашите две традиционално пријателски земји. “Во ова издание, ставивме посебен акцент на традиционалната храна, а го надополнивме  со колоритот од природните убавини,  ресурси и потенцијали на Република Македонија. На тој начин, се надеваме дека и овој пат ја продолживме идејата за создавање еден вид илустриран водич и презентер на стопанските субјекти и можните потенцијали кои ќе ја продлабочат споменатата соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија“, изјави Соња Михајловска од ЕЛИТА. Од своја страна, претседателот на Македонско–руската стопанска комора Дејан Бешлиев изрази надеж дека каталогот ќе биде вистинска реклама за вредностите со кои располага Македонија