00389 2 3091 484
јули 19, 2017
Најтрофејната кик боксерка од клубот “Гладијатор“ од Штип, Јована Арсова интензивно се подготвува за Европското првенство во кикбоксинг кое е планирано да се одржи во септeмври, 2017 во Скопје. Пред две недели се врати со нов медал, освено трето место на Светскиот куп во кикбоксинг што се одржа во Римини, Италија каде учествувале 1803 натпреварувачи од 39 држави, од кои 11 натпреварувачи од Македонија. “ Имав 11 противнички од различни земји каде успеав да го освојам 3-то место. Спецификата е што иако сум јуниор се борев со сениори и успеав да го добијам 3-то место“, со задоволство зборуваше Јована. Додаде дека желбата за победа во комбинација со добрата подготовеност и напорните тренери ја воделе низ борбите. “Ова е еден од потешките турнири на кои сум настапувала.
После овој голем турнир мојата самодоверба е поголема, чувствувам дека сега можам уште многу повеќе“, додаде таа. Вака подготвена и со секојдневни интензивни тренинзи во следните 40 дена таа останува на истата патека. “ Подготовките се секојдневни, вежбаме по неколку часа, трчање по ридско-планиски предел, пливање по 1.000 метри ,со што би можеле да ја покажеме нашата подготвеност за вакви натпревари. Треба да ја оправдаме довербата која ја добиваме од нашиот најверен долгогодишен поддржувач, д-р Жан Митрев. Тоа е дополнителен стимул да се покажеме во најдобро светло на ова првенство кое за прв пат се одржува во Македонија“, објасни Јована.Додаде дека има една желба- “ Да ја направам горда Македонија, а посебно д-р ЖанМитрев кој ни ги овозможи условите за секојдневни тренизни во сала, и секако мојот тим кој е верна поддршка составен од Ристо Огнанов, Кирил Нацев, Шенол Асанов и Бранко Петровски, како и сите мои клубски другари.“ Новите победи се нејзин придружник! Среќно, Јована!