Успешни операции во ист ден на сопружниците Станка и Стојан

Дневна доза здравје

август 08,2017

Станка и Стојан Таневи од Валандово, сопруг и сопруга, родени иста година(1949) и во ист ден им беа направени операции во Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ.  Во консултација со д-р Еневер Идоски  кај Стојан беше договорена васкуларна операција односно реваскуларизација на левата нога, додека кај Станка операција на левата артерија која го снабдува мозокот со крв. На празникот Илинден ги правеа контролните прегледи и сите медицински подготовки пред операција. Разговорот го започнавме со Стојан кој само што заврши со прегледот кај д-р Идоски. “ Јас му верувам многу на д-р Еневер, но и на останатиот персонал во оваа болница. Затоа што во 2016 година кога никој и по една година не можеше да ме крене од кревет, тоа го направија овде. Д-р Енвер Идоски ја утврди причината, и по само две недели хоспитализација успеа да ме крене на нозе. Од тоа што повеќе да кажам“, со благодарност кон докторот зборуваше тој. После тоа одев на редовни контроли во “Филип Втори“ во Струмица, каде и повторно ме упатија да се јавам на преглед кај д-р Идоски за овој здравствен проблем. Знам дека сум во сигурни раце и очекувам се добро да помине со операцијата“, додаде Стојан. Неговата сопруга Станка имала проблеми со рамнотежата и по препорака на Стојан во мај, годинава отишла на преглед во “Филип Втори“ во Струмица. “ Ме упатија да се јавам на дополнителни контроли во Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ. Со Стојан решивме да дојдеме заедно и по прегледите и консултациите докторите одлучија во ист ден да правиме и операции. Верувам во нив и се надевам на успешна операција“, зборуваше Станка. Таа ни рече дека иако е првпат во болницата се чувствува како дома поради љубезноста и посветеноста на персоналот.

Другиот ден, двајцата сопружници веќе беа контактибилни по успешните операции направено од д-р Никола Христов, кардиоваскуларен хирург во болницата. Им посакавме побрзо  закрепнување и секако, да продолжат да ги поминуваат пензионерските денови во здравје и радост со нивните 5 внуки.