Карактеристики на COVID-19 кај пациенти со хронични белодробни заболувања

Дневна доза здравје

април 1, 2020

COVID-19 е заболување кое се манифестира со тежок акутен респираторен синдром, причинет од корона вирус 2 (SARS-CoV-2)

SARS-CoV-2 е нов патоген агенс кој претходно не бил познат кај луѓето, a една од неговите карактеристики  е неговата висока инфективост.

COVID-19 како заболување за прв пат е дијагностицирано во Wuhan, Кина, во Декември 2019, за да потоа набрзо се пошири низ целиот свет. И токму затоа, Светската Зравствена Организација прогласи пандемија од ова инфективно заболување.

Трансмисијата или пренесувањето од човек на човек воглавно настанува при близок конткат со заболениот, при што, при негово кашлање или кивање се исфрлаат голем број на т.н. Флигеови  инфективни капки, кои доспеваат во воздухот, патуваат 1 до 2 метри, а потоа можат да навлезат во здрав организам и да причинат заболување. Исто така се верува дека трансмиисјата на инфекцијата може да настане и со допир на површини кои се контаминирани со вирусот, а пота да следи допир на устата, носот  и очите со нечистите, т.е, контаминираните раце.

Најчести симптоми при ова инфекивно заболување се, покачена телелсна температура, треска, сува кашлица.

Други симптоми вклучуваат продукција на искашлок, потешкотии со дишењето, болка во грлото, болки во мускули и зглобови, повраќање и секреција од носот. Многу поретко се застапени проливот, искашлувањето на крв и коњуктивитисот или зацрванети очи.

Најчесто тие симотоми се благи (кај околу 80%), но според податоците од литературата 1 од 5 заболени манифестираат тешка клиничка слика со тешко дишење, т.е., респираторна салбост, која е и најчеста причина за смртен исход.

За да се минимизира ширењето на инфекцијата од COVID-19 потрено е да се придржуваме на препораките  за превенција – често миење на рацете со вода и сапун, најмалку 15 до 20 секунди, а не само пред земање на оброк, дезинфекција на рацете и површините (се препорачува дезинфекционо средство кое во  себе содржи алкохол), избегнување на допир на устата, носот и очите со нечисти  раце, избегнување на блиски контакти (најмало растојание 1 до 2 метри), изолација, избегнување на јавни собири, носење на лични заштитни  средства (маски и ракавици). Се препорачува консумирање на здрава храна, повеќе течности и витамини и избегнување на стресот и паниката. Стресот доведува до намалување на имуниот одговор, доведува до влошување на дишењето и зголемување на бројот на микроорганизмите во организамот на домаќинот.

Како и  сезонскиот грип, постарите лица особено оние кои боледуваат од хронични белодробни заболувања, како на пример, астмата, хроничната опструктивна белоодрна болест, бронхојалниот карцином и други, се  со поголем ризик да се разболат од корона 2 вирусот, но и да манифетираат потешка клиничка слика со поголем број на компликации.

Засегање на белите дробови со COVID-19 кај пациент со хронично белодробно заболување

И токму затоа, доколку кај овие пациенти се манифестираат симптомите на  COVID-19, како што  се, покаечна телесна темпратура, интензивирање на кашлицата (иако таа е веќе присутна од основното заболување), зголемување на диспнета, веднаш е потребна консултација со својот лекар за да се направат потребните дијагностичи и терапевски процедури.

Мошне важен фактор за намалување на ризикот од компликациите од COVID-19 кај пациентиите со хронични белодробни заболувања (астмата, хроничната опструктивна белоодрна болест и други), покрај доследно спроведување на превентивните мерки е перманентното, непрекинато земање на терпаијата за основното заболување. Оксигенотерпиајата кај овие болни треба да се применува и во домашни услови, но притоа да се почитуваат пропишаните стандардни препораки за нејзина употреба.

И членовите на    семејството на болните со хронични белодробни заболувања имаат обврска да дадат  допринос  во  справувањето со COVID-19. Потребно е да водат посебно грижа за набавката на потребните  лекови за основните заболувања, за нивното редовно и правилно земање од страна на пацинетот. Особено  е драгоцена нивната грижата во превенција на трансмисијата на COVID-19 во нивниот дом.

И токму затоа, Светската  Здравствена Орагнизација се залага со пропишување на мерки и препораки да го намали неповолното вилание на COVID-19 на пациентите со хронични белодробни заболувања, од кои боледуваат стотици милиони ширум светот.

Проф. д-р Љиљана Симоновска

Специјалист-интернист, пневмофтизиолог