Ново во Жан Митрев Клиник!

Дневна доза здравје

ноември 11, 2017

 

За првпат во Македонија,д-р Никола Христов,кардиоваскуларен хирург со тим од болницата и во соработка со Клиника за педијатрија изведоа процедура за третман на тешки форми на епилепсија, рефрактерни на медикаментозен третман. VNS (стимулација на вагусен нерв) беше изведена кај деветгодишно дете. Оваа процедура докажано ги намалува бројот на напади кај пациенти со епилепсија,возрасни и деца. Едноставна процедура која веќе почнуваме да ја применуваме во Жан Митрев Клиник и е покриена од Фондот за здравствено осигурување.