Задоволни од сите возрасти од акцијата „Заедно против загадениот воздух“

Дневна доза здравје

декември 18, 2017

 

Енормно загаден воздух, опасни ПМ 10 честички, нарушено здравје и многу апели од сите страни за итни мерки… Тоа е секојдневието кое го живееме, за кое бараме решение, но акцијата, треба да почне од нас, од секој поединец…

Во таа насока, Жан Митрев Клиник презема иницијатива и на 16 и 17 декември, 2017 година (сабота и недела) организираше хумана акција на БЕСПЛАТНИ КОНСУЛТАЦИИ за деца и возрасни со кардиореспираторни проблеми.

„Енормното загадување на воздухот го зголемува ризикот за срцеви, но и за мозочни удари, а особено влијае кај граѓаните кои веќе имаат кардиоваскуларни заболувања“, изјави д-р Емил Стоицовски, медицинскиот директор во Жан Митрев Клиник. „Понудивме една викенд акција на бесплатни консултативни прегледи од кои би имале корист пациентите кои веќе имаат такви тегоби. Тие може да добијат совети, да се провери адекватноста на терапијата што ја добиваат и евентуални препораки за натамошен третман на состојбата и побезболно да поминат низ овој период на висока загаденост“, изјави Стоицовски пред новинарите. Тие, како и заинтересираните пациенти беа информирани дека во Жан Митрев Клиник, сите простории се одликуваат со висок степен на чистота на воздухот, исто како и во оперативниот блок, каде се поставени Хепа Филтри Х14.

Одзивот на пациенти беше голем и истите добија бесплатни консултации и препораки поврзани со нивното здравје и одржување на истото. Некои од нив, кои за првпат беа дојдени во болницата беа информирани за начинот на организираност на болницата, кои услуги се на располагање, како и за техничко-технолошките карактеристики на зградата.