00389 2 3091 484
септември 3, 2020
Одржувањето на здравјето на репродуктивните органи кај жената е од клучно значење во текот на целиот живот.
Имајќи предвид дека како резултат на промените на кои е подложен гениталниот систем, се менуваат и здравствените потреби на секоја жена, нашиот тим гинеколози е подготвен да го следи и контролира женското здравје од првиот менстурален циклус, до менопаузата, и по неа.
Ние знаеме дека совршената грижа вклучува и разговор со пациентката за нејзините физички, психички, емоцинални и социјални потреби, во опуштена и комфорна средина, како и примена на најнови дијагностички процедури, и напредно следење на здравствената состојбата преку посебни индивидуални програми и консултации.
На располагање се комплетна амбулaнтна и болнички услуги кои опфаќаат гинеколошки прегледи, следење на бременост, субспецијалистички урогинеколошки прегледи, амбулантни интервенции, оперативни гинеколошки процедури, микроинвазивна гинеколошка и уро-гинеколошка хирургија.
Ние нудиме професионализам, врвна грижа и индивидуален тераписки план за секоја жена. Бидејќи нам најважно ни е Вашето здравје!
Гинеколошка грижа– вклучува широк спектар на услуги за следење на потребите на жената од редовни годишни прегледи до комплексни состојби. Амбулантна и болничка услуга за бенигни и малигни болести на генитален тракт. Специјализирани сме за минимална инвазивна гинеколошка хирургија, со што престојот во болница како и периодот на закрепнување е сведен на минимум. Користиме современи методи, медицина заснована на докази за дијагностика и третман на карцином на репродуктивните органи.
Грижа за уринарниот тракт и состојби на карличното дно. Не треба да се срамите доколку се соочувате со несакано испуштање на урина, спуштање на гениталните органи или проблеми во менопаузата.
Нашиот тим на уро-гинеколози ви стои на располагање. Тие имаат долгогодишно искуство во дијагностицирање и третман на пореметувањата во функцијата на уринарниот тракт кај жената како уринарна инконтинеција, пролапс на гениталните органи или фекална инконтиненција.
Акушерска грижа
Бременоста е еден од најважните моменти во животот на жената т.е семејство. За нас, секоја бременост е посебна, и пристапот при следење на бременоста се темели на највисоките стандарди во акушерството. Ние се грижиме за одржување на здрава бременост преку рутински прегледи и пренатална грижа, скрининг за хромозомски и структурни аномалии како и дијагностицирање и следење на можни потенцијални компликации. Пациентките со високо ризична бременост се исто така опфатени во нашата грижа, а се со цел – одржување на вашето и здравјето на вашето дете.