00389 2 3091 484
ноември 26, 2020
Под терминот кардиоваскуларни заболувања се подразбира група на заболувања на срцето и крвните садови, меѓу кои спаѓаат: артериска хипертензија, коронарна артериска болест , срцева слабост и срцев удар.
Кaрдиоваскуларните болести се една од водечките причини за смртност во Европа. Од кардиоваскуларните заболувања секоја година во Европа умираат околу 3,9 милиони жители.
За жал и покрај сите превентивни мерки кои се преземаат во европските држави за намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања (кампањи за здрав животен стил , ограничување на продажбата на цигари и алкохол), статистичките податоци сеуште не покажуваат значаен пад на бројот на жители кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања, ниту пак се забележува значаен пад на морталитетот.
Главни ризик фактори за развој на кардиоваскуларните заболувања
На оваа тема се напишани огромен број на статии кои укажуваат на главните причинители за развој на кардиоваскуларните болести. Знаеме дека машката популација е поподложна на овој тип на заболувања и затоа во месецот на машкото здравје би сакале да ве потсетиме на само некои од нив, кои ќе помогнат во намалување на ризиците.
1.Физичка активност
Редовната умерена физичка активност која подразбира 30 минути физичка активност 5 дена во неделата, а не интензивниот третнинг, треба да бидат вашата цел.
Стандардните препораки од голем број на студии кои се однесуваат на превенција од кардиоваскуларните заболувања укажуваат на значајна редукција на кардиоваскуларниот ризик кај мажите кои практикуваат редовна умерена физичка активност 5 дена во неделата. Целта е да се постигна конзистентност во физичката активност, а да се избегнува навиката спорадични интензивни тренинзи, кои може да предизвикаат повеќе штета отколку бенефит за вашето здравје.
2.Телесна тежина
Одржувањето на нормална-здрава телесна тежина е еден од главните фактори за оджување на здрав кардиоваскуларен систем. Под терминот здрава телесна тежина се подразбира одржување на BMI (body mass index)-индексот на телесната маса помеѓу 18-25. И покрај сите превентивни укажувања статистиките покажуваат дека покачената телесна тежина сеуште е еден од водечките ризик фактори за развој на кардиоваскуларните заболувања во Европа. Студиите укажуваат дека тоа е резултат на зголемен внес на мрсна и високо калорична храна помеѓу жителите на Европа и покрај секојдневните кампњи за подобрување на животните навики. Овие тенденции се особено изразени во таканаречените земји во транзиција.
3.Здрава исхрана
Умерениот внес на здрава храна , е една од основните цели во подобрување на состојбата на кардиоваскуларниот систем. Под терминот здрава храна се подразбира внес на храна која е богата со диететски влакна и има низок процент на животински масти.Тука се вклучени овошјето и зеленчукот, интегралните зрна како и рибата и белото месо. Целта е да се фокусираме на редовниот внес на здрава храна, а не опсесивно да ги броиме калориите кои што ги внесуваме при консумација на нездрава храна богата со животински масти. Секако треба да се води сметка и на внесената количина на сол во исхраната. Ова е особено важно за лицата кои имаат дијагностицирана артериска хипертензија и срцева слабост.
4.Стрес
Стресот влијае на нарушувањето на состојбата на кардиоваскуларниот систем не само дирекно туку и индиректно. Многу студии покажуваат дека луѓето кои што се под големо ниво на стрес, често посегнуваат по нездрави навики (пушење и прекумерен внес на алкохол) со цел да го намалат стресот. Наш предлог е да ги замените со редовна умерена физичка активност и квалитетно време поминато со вашето семејство.
4.Ниво на холестерол во крвта
Зголемените нивоа на холестерол во крвта се силно поврзани со зголемен ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања. Целта е да се оддржува нивото на холестерол во границите на нормала што изнесува помалку од 5,2 mmol/l. Лицата кои во неколку последователни лабораториски анализи имаат зголемени нивоа на холестерол во крвта треба веднаш да го консултираат својот матичен лекар или кардиолог за воведување на хигенодиететски режим или терапија со хиполипемици доколку хигенодиететскиот режим не дава резултати.
5.Покачен крвен притисок
Артериската хипертензија е исто така еден од водечките ризик фактори кои придонесуваат за појава и развој на кардиоваскуларните заболувања. Раниот третман на артериската хипертензија е една од најважните цели. Ова особено се однесува на машката популација , бидејќи статистиката укажува на тоа дека мажите многу помалку практикуваат да одат на превентивни прегледи. Токму затоа во Жан Митрев клиника во месецот на машкото здравје креиравме кампања кој овозможува 10% намалување на сите превентивните прегледи, закажани on-line.
Д-р Илија Нешковски
Специјалист по интерна медицина