00389 2 3091 484
декември 22, 2020
Прекумерното седењето негативно влијае на нашето физичко и ментално здравје. Ние тоа го знаеме, но тешко е да се натераме да се активираме и да ги смениме веќе воспоставените навики.
Ова е особено важно денес, во времето на пандемијата на Ковид -19, кога многумина работат од дома.
Постојат востановени препораки од Светската Здравствена Организација во поглед на времетрање и интензитет на физичка активност / вежбање во зависност од возраста. Сегментирани се во две нивоа: умерена, интензивна физичка активност.
Со седентарниот начин на живот за здрави луѓе од 18 до 64 годишна возраст препорачано е 150-300 минути умерена физичка активност неделно или 75-150 минути неделно интензивна физичка активност. Ова ќе придонесе за подобрување на вашето дравје.
„Седењето е новото пушење“ е студија која покажа дека просечен човек во САД седи шест до осум часа на ден.
Друга студија спроведена во Велика Британија ги следеше учесниците 16 години, бележејќи ги сите важни податоци, од тоа колку долго седат до нивната физичка и ментална состојба.
Заклучокот кај сите истражувања е едноставен – Активноста е неопходна!
Кога седите мирно, не согорувате калории, напротив, телото ги собира сите вишок калории. Метаболизмот исто така забавува, така што телото не може да го контролира нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок. Дебелината, дијабетес тип 2, некои видови на рак, а понекогаш дури и смрт може да се појават како резултат на долго седење.
Последиците од прекумерното седење се исто така психолошки проблеми, како што се вознемиреност и деменција. Менталното здравје е поврзано со вежбање и дневното пешачење.
Но, не е сè толку црно како што изгледа на прв поглед. Потребна е активност. Затоа, треба да ги слушате корисните совети на експерти.
Се занесувате додека работите и не забележувате колку време поминало. Затоа, поставете го вашиот мобилен телефон да ѕвони кога е време за пауза од седење. Прошетајте низ куќата, тераса, направете лесни вежби и ќе бидете како нови.
Кога ќе имате простор за подолга пауза, направете ги вашите дневни вежби. Ако не знаете кои само отворете некое видео на Интернет, има одлични снимки. Можете исто така да се претплатите и да вежбате со други лица со помош на тренер или онлајн тренер. Ова е одлична идеја, бидејќи кога плаќате, сигурно нема да пропуштите состаноци.
Некои дури сугерираат да стоите додека работите, ако е можно. Прилагодете го работниот простор, прилагодете ја работната позиција и стојте додека работите.
Постојат многу начини, само треба да се активирате уште денес. Изборот е ваш!