Добриот глас за ZMC стигна и до големата Кина

Дневна доза здравје

септември 17, 2018

My alt text

„Еден мој пријател, роден во Македонија, ми ја препорача вашата болница“, ја започна приказната Јуан Ши, ќерка на нашиот пациент Хуазху Ши, кој дојде од Бијинг, Кина. Тој беше опериран од д-р Жан Митрев и му беше заменета валвула и беа вградени два коронарни бајпаса.

My alt text„Откако мојот татко почуствува срцеви потешкотии решивме да дојдеме во ZAN MITREV CLINIC во Македонија бидејќи во Кина има многу пациенти, а недостигаат добри хирурзи, па мора многу долго да се чека за термин за операција. Исто така услугите во кинеските болници не се  како во оваа клиника и доколку мојот татко требаше да остане таму, барем двајца роднини ќе мораа да се грижат за него за време на престојот. Ние имавме малку време, а и немавме енергија да се впуштиме во потрага по добри доктори кај нас, па затоа ја прифатив препораката да дојдеме тука, бидејќи барав добра услуга и современа технологија” – нагласи таа.

My alt textГ-ца Јуан е воодушевена од изгледот на болницата и од услужливоста на медицинскиот кадар.

„Квалитетната медицинска услуга ме прави посебно среќна, бидејќи татко ми не беше во состојба да прима храна, а докторите и сестрите направија се за да ни помогнат. Ние многу го цениме тој професионален однос”, истакна гостинката од Бијинг.

Таа рече дека ваков Вип апартман, како во ZMC, тешко можете да најдете во Кина дури и да сте некоја значајна политичка личност, а посебно ако сте обични луѓе, бидејќи таму недостигаат капацитети, па затоа е посебно изненадена од удобството и целокупната атмосфера ги надминала нејзините очекувања.

My alt text

„Професионализмот на д-р Жан Митрев ме направи многу задоволна и ми влеа сигурност во врска со операцијата, која помина успешно и татко ми многу брзо закрепна”, заклучи ќерката на г-н Хуазху и се заблагодари за врвната услуга на целиот оперативен тим.

Господин Хуазху Ши заздрави и неколку дена по операцијата и пред неговото заминување се виде со доктор Жан Митрев кој уште еднаш му посака добро здравје. Семејството Ши замина на неколкудневен одмор во Охрид со цел продолжување на рехабилитацијата и туристичко разгледување на нашата држава.

My alt text