Тироидна жлезда

Дневна доза здравје

октомври 26, 2021

Тироидната жлезда е мала жлезда лоцирана во основата на вратот, веднаш над градите. Таа излачува хормон познат под името тироксин. Во зависност од нарушената работа на оваа жлезда т.е зголемено или намалено ниво на овој хормон кој се излачува во крвта, се појавуваат болести.

Бидејќи тиреоидеата структурно се состои од структури исполнети со течност која се формира во внатрешноста на тироидната жлезда, не значи дека јазлите се малигни. Во најголем број од случаите таква е природната формација.

Јазлите на тироидната жлезда ретко можат да пораснат доволно големи за да станат видливи или да го отежнат дишењето или голтањето. Најчесто проблемот се открива од лекар при испитување на други здравстевни проблеми. Доколку немате симптоми, единствен начин да се открие проблемот, е редовна контрола со ехо.

Опциите за третман зависат од видот на јазолот на тироидната жлезда.

Симптоми

Повеќето јазли на тироидната жлезда не предизвикуваат знаци и симптоми. Сепак, повремено некои јазли можат да станат толку големи што може да се откријат со:

  • Палпација (допир)
  • Визуелна контрола, честопати како појава на оток во вратот (гушата)
  • Притискање на душникот или хранопроводот, предизвикувајќи отежнато дишење или отежнато голтање.

Во некои случаи, јазлите на тироидната жлезда произведуваат дополнителен тироксин, хормон кој се лачи од тироидната жлезда. Дополнителниот тироксин може да предизвика симптоми на хиперпродукција на тироидни хормони (хипертироидизам), кои се манифестираат со:

  • Нагло слабеење (без друга причина)
  • Зголемено потење
  • Тресење
  • Нервоза
  • Брза или неправилна работа на срцето

Само мал број на јазли на тироидната жлезда се канцерогени. Самата појава на симптомите не е овозможува да се утврди кои јазли се канцерогени. Повеќето канцерогени тироидни јазли растат бавно и лекарот може да ги открие во рана фаза кога се сеуште мали. Агресивниот карцином на тироидната жлезда при кој се забележува забрзано растење на јазлите е редок.

Кога треба да одите на лекар?

Иако повеќето јазли на тироидната жлезда не се канцерогени и не предизвикуваат проблеми, вашиот лекар треба да испита каков било невообичаен оток на вратот, особено ако имате проблеми со дишењето или голтањето. Важно е да се процени можноста за појава на карцином.

Побарајте медицинска помош ако развиете симптоми на хипертироидизам, како што се:

  • Нагло слабеење иако вашиот апетит е нормален или е зголемен
  • Палпитации на срцето (неправилна работа на срцето)
  • Нарушувања на сон
  • Мускулна слабост
  • Нервоза или раздразливост

Исто така, посетете го вашиот лекар ако имате знаци и симптоми што може да значат дека тироидната жлезда не произведува доволно тироиден хормон (хипотироидизам), кое вклучува:

  • ​​Чувство на студ
  • Чувство на брз умор
  • Сува кожа
  • Проблеми со меморија
  • Депресија
  • Запек


Причини

Постојат повеќе состојби кои можат да предизвикаат развој на жлезди во тироидната жлезда, вклучувајќи:

Прекумерен раст на нормалното ткиво на тироидната жлезда. Преголемиот раст на нормалното ткиво на тироидната жлезда понекогаш се нарекува аденом на тироидната жлезда. Не е јасно зошто ова состојба се јавува, но таа не е канцерогена и не се смета за сериозно или ризична состојба, единствено ако нејзината големина не предизвикува вознемирувачки симптоми.

Треба да се напомене дека некои аденоми на тироидната жлезда доведуваат до хипертироидизам.

Циста на тироидната жлезда. Шуплини (цисти) исполнети со течност најчесто се должат на дегенерација на аденоми на тироидната жлезда. Често кај тироидни цисти, цврстите компоненти се мешаат со течност. Цистите обично не се канцерогени, но понекогаш можно е да содржат канцерогени компоненти.

Хронично воспаление на тироидната жлезда. Хашимотова болест, нарушување на тироидната жлезда, може да предизвика воспаление на тироидната жлезда и да доведе до зголемени јазли. Ова често се поврзува со хипотироидизам.

Мултинодуларна гушавост. Терминот гушавост се користи за да се опише секое зголемување на тироидната жлезда, што може да биде предизвикано од недостаток на јод или нарушување на тироидната жлезда. Мултинодуларната гушавост содржи повеќе дефинирани нодули во гушавост, а нивната причина сеуште не е јасна.

Рак на тироидната жлезда. Мали се шансите јазол да биде карцином. Сепак, јазол кој е голем и тврд или предизвикува болка или непријатност е загрижувачки. Најверојатно ќе сакате вашиот лекар да ве провери.

Одредени фактори го зголемуваат ризикот од карцином на тироидната жлезда, како што се семејна историја на тироидна жлезда или други ендокрини карциноми и историја на изложеност на зрачење од медицинска терапија или радиоактивни последици.

Недостаток на јод. Недостатокот на јод во исхраната понекогаш може да предизвика развој на тироидни јазли на тироидната жлезда.

Компликации

Компликациите поврзани со јазли на тироидната жлезда вклучуваат:

Тешкотии при голтање или дишење. Големи јазли или мултинодуларната гушавост може да го попречат движењето на голтањето или дишењето.

Хипертироидизам. Кога јазол или гушавост произведува тироиден хормон, тоа може да предизвика проблем и да генерира премногу хормон во телото. Хипертироидизам може да доведе до губење на тежината, мускулна слабост, интолеранција на топлина и вознемиреност или раздразливост.