Се што треба да знаете за мезотерапијата

Дневна доза здравје

јули 19, 2021

Што е мезотерапија?

Мезотерапија е современа нехируршка метода на вбризгување на активни состојки (медикаменти, амнино киселини, минерали, витамни и др.) во средниот слој на кожата (мезодерм) која се изведува со неколку иглени техники, на различна длабочина во зависност од регијата во која се аплицира. Затоа е неопходно оваа процедура да се прави од страна на доктор дерматолог сертифициран за оваа техника.

Инаку мезотерпијата била оригинално развиена како третман за болки во 1952 година од страна на францускиот доктор Мишел Пистор, за потоа да добие популарност како метода за разубавување.

Супстанците кои се користат при мезотерапијата и се внесуваат во средниот слој на кожата се специјално произведени мезококтели и најчесто содржат витамини, колаген, хијалуронска кислеина, аминокислеини како и состојки за подобрување на цирукулацијата.

Мезотерапија во естетската дерматологија

Во естетската дерматологија мезотерапијата има бројни индикации. Зависно од дијагнозата и потребите на кожата, покрај за основната функција хидратација, мезотерапијата се употребува и за колагенска индукција, биоревитализација, обновување и подмладување.

Исто така помага во решавање на бројни дерматолошки состојби како акни, розацеа, стрии, пигментации, лузни, целулит, алопеција и други типови проблеми со кожата, скалпот и косата.
Самата постапка на внесување на активните состојки во таргетираната зона покрај дејството на активните состојки, самиот процес на микроубоди на кожата предизвикува механичка стимулација која води кон потикнување на синтеза на колаген и еластин, подобрување на тонусот на кожата како и подобрување на протокот на крв во крвните садови.

Мезотерапија на тело

Зависно од активните состојки како и потребите на пациентот, мезотерапијата на тело може да биде липолитична или антицелулитна, понекогаш и комбинација од двете. Липолизата се користи во кога е потребно намалување на вишокот масти односно намалување на обемот на одредени регии како што се подбрадок, бутини, задник, стомак, грб. Антицелулитната мезотерапија пак опфаќа активни супстанци кои дејствуваат на факторите на настанување на целулитот со што се подобрува циркулацијата, лимфниот застој и тонусот на кожата.

Како изгледа самата процедура на мезотерапија?

Постапката е многу едноставна и скоро безболна. Понекогаш за поголем комфорт на пациентот се користи локален анестетик, а се изведува со вбризгување на активните состојки со помош на многу тенки игли директно во мезодермот. За најдобри ефекти потребни се неколку третмани најчесто од 4-6 во интервал од 10-14 дена (зависно од индикацијата). Ефектите се видливи уште по првиот третман.

Предности од мезотерапија

  • Кожата станува мазна и сјајна и се подмладува на природен начин со помош на оваа неинвазивна метода
  • Кожата е длабински хидрирана, бидејќи на овој начин ги добива потребните активни супстанци (витамини, хијалуронска киселина и хранливи состојки кои и недостасуваат) директно во мезодермот каде е најефикасно. Вообичаено, поради особеноста на површинскот слој на кожата, голем дел од кремите и локално нанесените препарати најчесто не успеваат да стигнат до длабоките слоеви на кожата каде што се најмногу потребни, што не случај со мезотерапијата. Со оваа метода се делува директно во средниот слој на кожата.
  • Исчезнуваат ситните и видно се намалуваат длабоките брчки
  • Брз и долготраен ефект