Бубрежни цисти – симптоми, дијагноза и третман

Дневна доза здравје

јули 30, 2021

Бубрежните цисти се формација исполнета со течност која може да биде лоцирана во самиот бубрег или над него. Бубрежните цисти може да бидат поврзани со сериозни нарушувања кои можат да влијаат на функцијата на бубрезите. Сепак, најчесто, бубрежните цисти не се канцерогени и ретко предизвикуваат компликации.


Причините за нивна појава се нејасни. Вообичаено се формира една циста на површината на бубрегот, но можно е да се формираат и повеќе цисти и да го засегнат едниот или двата бубрега. Сепак, обичните бубрежни цисти се различни од оние цисти кои се формираат кај полицистични бубрези.


Обичните бубрежни цисти често се детектираат при ехосонографски преглед за време на испитувања ки се прават за други здравствени состојби. Овие цисти чие постоење е само констатирано, а кои не предизвикуваат знаци или симптоми обично не бараат третман.

Симптоми

Обичните бубрежни цисти најчесто не предизвикуваат знаци или симптоми. Ако обична бубрежна циста е значително зголемена, симптомите може да бидат:

  • Тапа болка во грбот или станично кај бубрзите
  • Треска
  • Болка во горниот дел на стомакот

Причини

Сеуште не е утврдено со сигурност кои се конкретните причини. Една од теориите сугерира дека бубрежните цисти се појавуваат кога површинскиот слој на бубрегот ослабува и формира кеса (дивертикулум). Кесата се полни со течност и се претвора во циста.

Фактори на ризик

Ризикот да имате обични бубрежни цисти се зголемува со стареењето, иако може да се појават на која било возраст. Обични бубрежни цисти се почести кај мажите.

Компликации

Повремено, бубрежните цисти може да доведат до компликации, како што се:

  • Инфицирана циста. Бубрежната циста може да се инфицира и последователно на тоа да предизвика треска и болка.
  • Пукната циста. Пукнатата циста предизвикува силна болка во грбот или странично на телото.
  • Опструкција на урина. Бубрежната циста што го блокира нормалниот проток на урина може да предизвика оток на бубрезите (хидронефроза).


Третман

Бубрежните цистите обично не бараат третман, освен ако не предизвикуваат симптоми или нарушување на функцијата на бубрезите. Доколку е потребен третман, вашиот лекар може да користи склеротерапија (со игли), пунктација или хируршка интервенција за да ја испразни цистата и да ги утврди неопходните чекори за да се спречи нејзиното повторување.