Папочната кила кај децата

Дневна доза здравје

август 25, 2021

Папочна кила се јавува кога дел од цревата излегува низ отворот на стомачните мускули во близина на папокот. Оваа појава е честа но генерално безопасна.

Папочната хернија е почеста кај бебињата, но може да се појави и кај возрасните. Кај бебињата, таа може да биде поизразена кога плачат бидејќи при плачење тие се напрегаат предизвикувајќи папокот да се испакне кон надвор.

Папочната кила кај децата честопати сама се повлекува во првите две години од животот, иако во некои случаи останува до петтата година но можеби и повеќе. Папочната хернија што се појавува во подоцните години има поголема веројатност да побара хируршки третман.

Симптомите на папочната кила

Папочна кила предизвикува мал оток или испакнување во близина на папокот. Кај бебињата кои имаат папочна кила, грутката може да се види само кога плачат, кашлаат или се напрегаат.
Папочната кила кај децата обично не предизвикува болка. Таа пак што се појавува во зрелоста може да предизвика непријатност во стомакот.

Кога треба да се посети лекар?

Ако се сомневате дека вашето бебе има папочна кила разговарајте со вашиот лекар. Побарајте итна помош доколку вашето бебе:

  • Има нелагодност
  • Повраќа
  • Има оток или промена на бојата на местото на хернијата

Симптомите се исти и кај возрасните.

Разговарајте со вашиот лекар ако имате грутка /испакнатина во близина на папокот. Побарајте итна помош ако грутката станува болна и чуствителна на допир. Навремена дијагноза и третман може да помогне да се спречат компликациите.