Пуштете мустаќи и грижете се за своето здравје

Дневна доза здравје

ноември 9, 2021


Ноември – месец на машкото здравје


Во ноември, се случува една од најважните кампањи која што во последните години изврши големо влијание од општествен аспект. Станува збор за месецот на машко здравје промовиран и етаблиран како Movember. Ова движење има цел да ја подигне свеста за важноста на машкото здравје.

Но, што е Movember?

Станува збор за доброволна кампања која има за цел да даде поголема видливост, свесност и во крајна линија да го подобри машкото здравје.
Оваа иницијатива започнува со растење на мустаќи. Целта на овој гест е да ги потсети мажите за важноста да се грижат за себе и да одат на редовни контроли за превенција и борба против болести како што се ракот на простата и ракот на тестисите.

Ракот на простата е најчест тумор кај машката популација. Од друга страна, ракот на тестисите е тумор кој главно ги погодува младите меѓу 20 и 35 години.
Раното откривање на двата вида на рак е од суштинско значење за да може да се започне со соодветниот третман што е можно поскоро и да се зголемат шансите за излекување.

Симптоми на рак на простата

Ракот на простата е еден од најчестите видови рак кој ги погодува мажите. Симптомите генерално се отсутни во раните фази. Меѓутоа, ако тие се појават, најчесто се:

  • Зголемена фреквенција на мокрење
  • Уринарна итност придружена со болка и пецкање
  • Чувство на нецелосно празнење на мочниот меур
  • Појава на крв во урината и спермата
  • Болка или печење при мокрење
  • Непријатност или болка при седење, предизвикани од зголемена простата.

Уринарните симптоми може да бидат и резултат на инфекција на мочниот меур или други состојби. Ако сте загрижени за какви било промени што сте ги доживеале, разговарајте со вашиот лекар.

Симптоми на рак на тестисите

Овој тип на рак исто така не покажува симптоми во почетната фаза. Но, препорачливо е да посетите лекар ако забележите некој од следниве предупредувачки знаци:

  • Присуство на грутка во тестисот
  • Промена на големината или обликот на тестисот
  • Често чувство на полн мочен меур
  • Присуство на крв при мокрење
  • Појава на болка во долниот дел на стомакот или препоните

За да се намали ризикот од заболување од овој тип на рак, препорачуваме преземање мерки како што се водење здрав живот (консумирање здрава исхрана, вежбање /физичка активност, да не пушете, да избегнете конзумирање на алкохол и стресни ситуаци) и секако еднаш годишо посета на уролог со цел да се открие било каква болест во рана фаза уште пред појавата на првите симптоми.