00389 2 3091 484
декември 14, 2021
Ви звучи сложено и непознато? Всушност станува збор за процедура за разбивање на камења (калкули) во урогениталните зони со помош на ласерски уред.
Проблемот на постоење на наслаги најчесто од калциум, кои создаваат камени формации со различна големина е чест и може да биде многу нелагоден и болен.
Најчесто, освен со силни болки во долниот дел од стомакот, може да се манифестира со присуство на крв, па и ситни парченца во урината. Овие камчиња може да предизвикаат и инфекции кои можат да додведат до различни проблеми со уринарниот тракт.
Присуството на камења се дијагностицира со помош на ехо на уретрата, мочниот меур или бубрзите, по што лекарот ќе препорача следни чекори за решавање на овој проблем.
Ние во Клиничката болница Жан Митрев за разбивање на камења во урогениталниот тракт, го користиме Ласерот Ho:YAG. Овој ласер има двоен ефект, фото-термички и фотомеханички. Импулсната емисија, со бранова должина од 2.100 nm која е високо апсорбирана од водата, пренесува енергија во форма на ударни бранови кои произведуваат ефект на кавитација во течната околина, предизвикувајќи пулверизација (разбивање на каменот во форма на многу мали честики како прашина) или фрагментација на каменот, без инвазивни хируршки процедури.
Ефикасен е за третман на сите различни видови и хемиски состави на камења и претставува оптимално решение дури и за оние камење кои се особено тешко достапни. Покрај тоа, неговата поголема моќност од 35 W му овозможува на овој систем да управува со големи калкули со ефикасни и побрзи операции. Широкиот опсег на повеќекратни комбинации на фреквенција и енергија му овозможуваат на урологот да ја избере соодветната поставка за секој третман.
Ниската фреквенција и високата енергија се користат за брза и груба фрагментација, додека поставките со ниска енергија и висока фреквенција овозможуваат пулверизација на камењата во толку мали честички што може да се исфрлат со минимална непријатност за пациентот.
Се користи во ендоурологија и при ендохируршка литотрипсија. А самиот зафат се изведува во болнички услови од страна на соодветно обучен уролог.
Во зависност од големината, текстурата и локацијата на каменот, како и од симптомите и степенот на опструкција, хирургот може да изврши различни хируршки зафати: URS – уретерескопија, RIRS – ретроградна интраренална хирургија и PCNL – перкутана нефролитотомија.
Литотрипсијата направена со MultiPulse Ho е одлична алтернатива за традиционалната ESWL (Extracorporeal Shockwave Lithotripsy), бидејќи вклучува помал ризик од компликации и повисок степен на ефикасност и безбедност, без оглед на типот на камењата што треба да се третираат. Во споредба со другите хируршки процедури, ја има непобитната предност за минимизирање на крварењето и движењето на камењата (ретропулзија) за време на операцијата.
Предности за пациентите има многу, а дел од нив се:
Д-р Горан Јовиќ
Хирург уролог