00389 2 3091 484
декември 20, 2021
Зимата и студот влијаат на целото наше тело, особено на кожата. Таа е изложена и може сериозно да биде оштетена од температурните промени. Лошите временски услови како што се ниските температури ги засегаат најчувствителните области на лицето, усните, вратот, деколтето и секако рацете.
Затоа, во прилог ќе ви дадеме неколку совети кои треба да ги почитувате, со цел подобро здравје на вашата кожа:
Активни состојки препорачливи за нормален тип на кожа: витамин Ц, ретинолна киселина, гликолна киселина и хидрокси киселини, сите со важна функција против стареење. Сепак, кај осетлив тип на кожа, мора да користат смирувачки, вазоконстриктивни и деконгестиви супстанци. Такви се декспантенол, алфабизоболол, глициретична киселина. Покрај тоа, тие мора да избегнуваат производи кои содржат алкохол, конзерванси или парфеми. Поради оваа причина, неопходна е индивидуална дерматолошка проценка на секој тип на кожа.
Идеалниот вид на средства за нега ќе зависи и од типот на кожата и евентуално постоење на некаква состојба, проблем, алергии и слично. Во принцип, лосионите со активни состојки за прочистување се подобри за комбинирана или мрсна кожа, а масните, богати креми за зрела и сува кожа.
Постојат нови маски и третмани, како што е мезотерапијата со хијалуронска киселина, кои помагаат да се хидратира кожата длабински.
Добро е да знаете дека зимата е најдобро време за извршување на интензивни третмани за депигментација на лицето, како дома така и во ординација (хемиски пилинг или маски).
Секако клучно е да внимавате на исхраната. Нека биде богата со витамини и антиоксиданси. Не заборавајте да пиете помеѓу 1,5 -2 литри вода дневно.Избегнувајте тутун и алкохол, бидејќи тие имаат негативно влијание врз здравјето на нашата кожа, создавајќи слободни радикали. Покрај тоа, алкохолот ги влошува проширените капилари на лицето.