00389 2 3091 484
јануари 20, 2022
Секој ден природно губиме во просек по 100 влакна. Но, различни здравствени проблеми може да го забрзаат, односно да го поттикнат ова губење на косата. Covid-19 е еден од таквите здравствени проблеми. Меѓу последиците кои ги остава SARS-CoV-2 е и ненадејното губење на косата, особено застапено кај жените.
Во повеќето случаи, опаѓањето на косата поради коронавирус не се јавува веднаш, туку два или три месеци по заразувањето со вирусот. Обично е јасно изразен, бидејќи се карактеризира со масовно опаѓање на косата. Во овој период можеме да најдеме еден куп коса во тушот, да останат многу влакна во четката/чешелот при чешлање, или пак на местото каде седите – на самата софата.
Исто така може да забележиме дека косата го губи својот волумен, челната линија се крева нагоре, а и вертикалната линија (залистоци) стануваат повидливи.
Во овој случај потребно е телото да се храни, т.е да се внесуваат витамини кои ќе влијаат во зајакнувањето на косата, ноктите како и во подобрувањето на изгледот на кожата.
Акутен телоген ефлувиум се јавува кога во организмот настанува стрес кој влијае на косата која била во фаза на раст. Како резултат на тоа, таа коса оди директно во телоген фаза, која е последната фаза од нејзиниот живот. Од анализираните податоци на студија спроведена во Њујорк, заклучено е дека тоа е причината за опаѓање на косата кај луѓето кои имале Covid-19.
Всушност во тие случаи, фоликулот престанува да работи, па косата не може да продолжи да расте. Сепак, фоликулот останува закачен за скалпот околу три месеци, по што паѓа. Затоа инфекцијата со коронавирус не предизвикува опаѓање на косата веднаш, туку настанува неколку месеци подоцна.
Има повеќе причини кои се поврзуваат со појавата на акутен телоген ефлувиум. Тие варираат од недостаток на витамини до ниско ниво на железо, па се до самиот стрес од болеста.
Косата е особено чувствителна на промените што ги доживуваме. Таа не само што страда од инфекцијата туку и од варијациите во исхраната, недостатокот на сонце и свеж воздух како резултат на останувањето дома и, секако, вознемиреноста што ја создава оваа ситуација на социјална и економска несигурност. Сето тоа ја погодува косата и влијае во нејзиното опаѓање.
Биотин или витамин H, витамин Б7 или витамин Б8 е познат како делотворен витамин за кожата, косата и ноктите. Биотинот може да биде одличен сојузник по стресна ситуација за нашата коса. Биотинот го поттикнува растот на косата, генерира поголема еластичност и помалку кршење, што значи поголема заштита од опаѓање на косата.
Покрај биотинот кој може многу да помогне во оваа ситуација, поволно влијаат и аминокиселини од растително потекло кои делуваат на три нивоа на фоликулот на косата во коренот, влакната и скалпот, придонесувајќи за раст и отпорност на косата. Дополнително, добро е да има комбинација на витамин Б6 кој помага во регулирање на хормоналната активност и витамин Б8 кој заедно со цинкот придонесува за нормално одржување на косата во нормални услови.
Постојат голем број додатоци во исхраната кои влијаат на квалитетот на косата, кожата и ноктите. Наша препорка е докажаниот продукт Orthomol Beauty од германскиот бренд Ортомол кој содржи значајни микронутриенти. Неговата иновативна комбинација на колаген, хијалуронска киселина и фитамин-Q-10 комплекс има двоен ефект. Тој обезбедува соодветни нутриенти за кожата и сврзното ткиво со што се обновува еластичноста, затегнатоста и хидратацијата. Додека пак колагенските пептиди од Orthomol Beauty ги стимулираат фибробластите да продуцираат зголемена количина на колаген. Го има во две варијанти Orthomol Beauty за жени и Orthomol Beauty за мажи.