00389 2 3091 484
јануари 25, 2022
Хепатитис е општ термин кој опишува воспаление на ткивото на црниот дроб. Иако воспалението може да настане од повеќе причини, најчест е хепатитисот од вирусна инфекција.
Алкохолниот хепатитис пак претставува тежок синдром при кој воспалението на црниот дроб е предизвикано од консумирање алкохол.
Алкохолното заболување на црниот дроб (АЛД-alcohol liver disease) е општ термин кој се однесува на оштетувањето предизвикано на ткивото на црниот дроб од прекумерно консумирање алкохол. Опфаќа низа болести, вклучувајќи стеатоза (замастен црн дроб), цироза и алкохолен хепатитис (АХ). AХ е тешка форма на алкохолно заболување на црниот дроб и обично доколку консумацијата на алкохол продолжи, напредува во цироза на црниот дроб.
АХ може да се повлече ако се прекине пиењето. Но доколку се појави цироза, оштетувањето на црниот дроб е неповратно.
Алкохолното заболување е најчеста причина за трансплантација на црн дроб во САД. Според Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам (NIAAA), AХ се утврдува преку:
Клинички, најчестиот симптом на АХ е присуството на жолтица, но останатите симптоми вклучуваат: анорексија, треска, гадење, повраќање и замор. Поради губење на апетитот од алкохолно заболување, неухранетоста е исто така честа кај луѓето со алкохолен хепатит.
АХ е болест која може да се спречи, која е предизвикана од постојаното консумирање на повеќе алкохол отколку што може да преработи црниот дроб. Црниот дроб е главното место во телото каде се метаболизира алкохолот со помош на три ензимски системи одговорни за оксидација на алкохолот. (Тие го вклучуваат системот на цитозолна алкохол дехидрогеназа (ADH), микрозомалниот систем за оксидација на етанол (MEOS) и системот на пероксизомална каталаза). Производот на сите три системи е реактивен метаболит наречен ацеталдехид, кој го оштетува ткивото на црниот дроб на различни начини.
Еден механизам е преку генерирање на слободни радикали и инхибиција на антиоксидантната одбрана. Слободните радикали се молекули кои содржат кислород и се нормален нуспроизвод на производството на енергија од страна на клетките. Во високи концентрации, тие можат да ги оштетат клеточните мембрани и протеините предизвикувајќи оштетување на ткивото.
Антиоксидансите пак, се молекули кои ги неутрализираат слободните радикали, а оксидативниот стрес се јавува кога постои нерамнотежа помеѓу слободните радикали и антиоксидансите, што доведува до воспаление и оштетување на клетките.
Според тоа, алкохолот индиректно го оштетува црниот дроб додека се метаболизира. Сепак, може директно да ги оштети клетките на црниот дроб со менување на движењето на другите ензими и транспортните протеини.
Количината на алкохол неопходна за индуцирање на АХ е непозната и варира во зависност од лицето. Иако најчесто се забележува кај луѓе на возраст меѓу 40-60 години, тој се појавува и кај пациенти во нивните 20-ти, па дури и кај пациенти во нивните 80-ти. Додека проценетиот минимален дневен внес на алкохол неопходен за развој на АХ е помеѓу 20 – 40 грама дневно, обично пациентите даваат податоци за внес од над 80 грама дневно, во текот на пет години.
Иако постојат силни докази кои укажуваат на генетска подложност за развој на нарушување на злоупотребата на алкохол, улогата на генетиката во прогресијата кон алкохолен хепатит е нејасна. Само мал процент од луѓето со тежок алкохолизам развиваат АХ. Сепак, истражувањата покажаа дека следните фактори влијаат на ризикот од развој на болеста:
Жените се поподложни на АХ бидејќи поинаку го апсорбираат и метаболизираат алкохолот од мажите. Жените имаат помало количество на вода во телото, а поголемо количество телесни масти, со што постигнуваат повисоки концентрации на алкохол во крвотокот од мажите по консумирање еквивалентно ниво на алкохол. Тие исто така го метаболизираат алкохолот од крвта со побрзо темпо од мажите.
Присуството на прекумерна тежина значително ја зголемува веројатноста за АХ, поради поврзаноста помеѓу алкохолот и телесните масти. На пример, масните киселини од масното ткиво (масните клетки) придонесуваат за воспаление на црниот дроб, а воспалението на цитокините во масното ткиво е тесно поврзано со воспалението во ткивото на црниот дроб.
Во Соединетите Американски Држави, согласно направени истражување кое ја спореди сериозноста на АХ и цирозата кај пациенти со светла боја на кожата, наспроти пациентите со темна боја на кожата, покажа дека пациентите со Афроамериканци и Хиспанци со цироза веројатно ќе имаат двојно зголемување на AST во споредба со пациентите со бела боја. Хиспанците со АХ исто така имаат поголема веројатност да развијат карактеристики на цироза отколку Афроамериканците и белите луѓе со АХ.
Иако избегнувањето на целокупното консумирање алкохол е единствениот начин да се елиминира ризикот од АХ, намалувањето на пиењето до умерена количина може да го намали ризикот. Внимавањето да не се консумира алкохол со други потенцијално токсични лекови за црниот дроб и преземањето чекори за спречување на инфекција од хепатитис Ц, исто така, ќе ја намали веројатноста за развој на АХ.