00389 2 3091 484
февруари 11, 2022
Лимфедема или лимфна обструкција е долгорочна состојба во која вишокот течност се собира во ткивата што предизвикува оток (едем). Предизвикана е од блокирање на лимфниот систем т.е лимфен застој. Најчесто влијае на една од рацете или нозете, во некои случаи двете раце и двете нозе. Некои пациенти може да доживеат оток во вратот и главата, гениталиите или градите.
Болеста поминува низ четири стадиуми:
Лимфедемата е неизлечива, но со правилен и континуиран третман може да се контролира. Основен конзервативен метод во борба против лимфедемата е мануелната лимфна дренажа (MLD), комбинирана со компресивна терапија и нежни терапевтски вежби. Нејзината способност да го намали отокот во засегнатите делови од телото е многу добро докажана.
Лимфната дренажа е специјализирана техника на масажа, базирана на анатомијата на лимфниот систем која е дизајнирана да го намали отокот преку подобрување на лимфната дренажа.Таа овозмжува да се пренасочи течноста од областите каде што е присутен отокот, кон функционалните лимфни јазли. Во MLD се применува специфични движења на рацете на површината на кожата и се следат анатомските лимфни патишта на телото за да се промовира дренажа од погодениот екстремитет. Тоа вклучува нежно пумпање на кожата. Како резултат на тоа, лимфниот проток низ телото се зголемува, без зголемување на филтрацијата, со што се намалуваат лимфните стази и симптомите на лимфедем.
Мануелната лимфна дренажа се обидува да го охрабри природното движење на лимфата преку лимфниот систем со помош на неколку различни техники за движења на рацете. Овие движења се поделени во две главни фази:
Движењата се бавни и повторувачки во сесија која трае од 45мин до 90 мин, изведени од страна на професионални лиценцирани MLD терапевти. Тие ги определуваат бројот на сесии и нивното времетраење во зависност од тоа како телото реагира на масажата и колку бргу се реапсорбира течноста. Факт е дека периодот на опоравување е долг но за среќа третманот е безболен и делува пријатно и релаксирачки врз пациентот и се покажал како најдобар метод во контрола на лимфедемата.
Во комбинација со овој третман се препорачува бандажирање на засегнатата регија со специални сетови со еластични завои непосредно по изведувањето на мануелната лимфна дренажа за да се превенира можно враќање и повторно наталожување на течноста назад од местото од каде се акумулирала.
Исто важно е дневна рутина да бидат лесни актвни вежби за екстремитети кои се изведуваат спроти земјина гравитација со предходна обука за начинот на спроведување и дозирање од страна на вашиот терапевт.
Активирање на циркулација на течности, зголемување на контракцијата на лимфните садови, цедење на токсини, макромолекули, масти и стимулирање на имунолошкиот систем, намалување на мускулни грчеви, стимулирање на парасимпатичкиот систем, подобар квалитет на спиење и најважно намалување на едемата(отокот).
Лимфната дренажа треба да се избегнува кај лица со конгестивна срцева слабост, акутни инфламаторни процеси, активни крвни згрутчувања (ДВТ) или длабока венска тромбоза,малигни тумори, кожни инфекции, висока фебрилност, бубрежна инсуфициенција. Во секој случај пред да почнете со терапија посоветувајте се со вашиот терапевт и дискутирајте за вашата медицинска историја и за било какви промени кои ќе се појават во периодот на лекувањето.