Што е функционална магнетна стимулација и за што се користи?

Дневна доза здравје

април 4, 2022

Функционалната магнетна стимулација (ФМС) е неинвазивна технологија која се темели на употреба на магнетно поле. Со помош на ова магнетно поле се делува на мускулите со цел зголемување на мускулната маса, а за сметка на тоа се намалуваат локалните масни наслаги. Со овој апарат кој делува преку облека се постигнуваат забележливи резултати за релативно краток временски период. Се состои од неколку делови апликатори и специјален стол, чија примена и позиционираност зависи од мускулот кон кој е насочен потребниот третман. Ова технологија наоѓа примена на повеќе медицински гранки како естетика, уро-гинекологија, неврологија и ортопедија.

ФМС е револуционерна технологија, која се разликува од класичната електростимулација и традиционалната пасивна гимнастика, по тоа што преку магнетна стимулација се делува на длабоко поставеинте мускули и се предизвикува квалитетна и максимална контракција. Овој тип на контракција им овозможува на мускулите да работат со 100% од нивната сила, што не е можно со конвенционално вежбање или пасивна гимнастика. Овој начин на поттикнување на мускулите објаснува зошто ФМС може да даде видливи резултати за неколку недели.

Овој третман може да се користи за создавање или за оформување на мускулната маса во зоната на стомакот, рацете, бутовите, задникот и нозете, давајќи им подобар тонус и дефиниција. ФМС истотака може да се користи за сите видови на уринарна и фекална инконтиненција, за побрза рехабилитација по операција или по породување, па дури и при сексуални дисфункции или хронични болки во карлицата или долниот дел на ‘рбетот.

Како функционира градењето мускули и тонирање на телото?

ФМС уредот користи електромагнети за да ги зајакне тонусот на вашите мускули во критичните зони како што се стомакот, задникот и бутовите, градејќи ги со согорување на мастите. Ова е неинвазивен третман за градење мускули и тонирање на тело кое ќе се забележи од секој агол. Ако сакате подигнување на задникот, затегнати раце и бутови, во нашата болница на располагање е оваа метода и истата се изведува со апаратот FMS Former . Со помош на овие третмани вашето тело комплетно ќе се трансформира, а вие ќе изгледате фит и цврсто.

Како работи за лекување на уринарна инконтиненција?

За даделува на вашиот лумбален дел (долниот дел на грбот), потребно е да седнете на столот за третман кој има два вградени апликатори, еден на задниот потпирач, еден на седиштето. Ова електромагнетно тонирање ги стимулира мускулите на јадрото на телото од дното кон грбот, исто така на карличното дно и мускулите на грбот. Точната стимулација на долниот дел на грбот може да се прилагоди со менување на положбата на апликаторот кој се наоѓа во потпирачот за грб на столот на ТЕСЛА Формер апаратот.
За да работите на мускулите на карличното дно и уринарната инконтиненција користејќи ФМС технологија, импулсното магнетно поле генерирано од уредот предизвикува контракција на мускулите на карличното дно. Оваа терапија е погодна за сите видови на инконтиненција. Исто така, им помага на пациентите со сексуална дисфункција и хронична болка во карличниот регион и лумбалниот ‘рбет. Ефектот на магнетната стимулација помага да се зголеми силата и издржливоста на мускулите на сфинктерот и карличното дно. Терапијата позитивно влијае и на сексуалните односи, ерекцијата, способноста за постигнување оргазам и активната контракција на препоните и глутеалните мускули.

Третманот со ФМС уредот е едноставен и не бара посебна подготовка на пациентот. За време на терапијата пациентот останува облечен и е удобно сместен во специјалниот FMS стол. За време на стимулацијата, фокусот е на мускулните контракции со што се олеснува и тренингот на самата мускулатура. Третманот е неинвазивен, безболен и без несакани ефекти. Трае од 15 до 20 минути и се применува секој втор ден во периодот од 2 до 3 недели. Подобрувањето може да се почуствува уште по првите неколку третмани.