00389 2 3091 484
октомври 31, 2022
Убавината е индивидуална и иако за вкусовите не се дискутира, генерално убавината е секогаш актуелна тема
Потрагата по убавина датира со векови, а денес со цел одржување на истата се применуваат бројни третмани и медицински зафати. Истовременото истакнување на убавината на било која личност и потрагата по вечен младешки изглед е токму она со што денес се занимава естетската медицина. Таа всушност е гранка која ги третира естетските проблеми односно надворешниот изглед на лицето и телото воопшто.Естетската медицина ги опфаќа сите медицински процедури кои се насочени кон подобрување на физичкиот изглед и задоволството на пациентит, користејќи неинвазивни до минимално инвазивни медицински козметички процедури.
Постојат повеќе сфери во кои докторите од оваа гранка – естетските дерматолози можат да делуваат.
Естетската дерматологија е медицинска гранка чија специјалност опфаќа третмани за нега на кожата. Без разлика дали станува збор за лице или тело, естетската дерматологија се обидува да го подобри надворешниот изглед на кожата преку најиновативните методи на лекување. Дермоабразија, ласерски третмани, апликација на колаген, аминокиселини, хијалуронска киселина, пептиди…, се само дел од најпознатите и најупотребувани техники.
Позната и како козметичка дерматологија, естетската дерматологија главно се занимава со отстранување и ублажување на лузните на кожата, подобрување на нејзиниот изглед, намалување на брчките кои настануваат со процесот на стареење и намалување на различните кожни недостатоци, без разлика дали се предизвикани од сонцето, возраста или претходни повреди како што се акни, на пример. Ова е можно благодарение на современите третмани и процедури кои се на располагање.
Во однос на ревитализација и подмладување на кожата и третман на флеки, меѓу другото најкористени техники се: пилинг, микродермоабразија, мезотерапија и третмани со ласери или други енергетски уреди.
Што се однесува до брзото подмладување, најефективните третмани се оние направени од ботулински токсин (познат и како БОТОКС), дермални филери со хијалуронска киселина и плазма богата на тромбицити (ПРП).
Ова се минимално инвазивни методи кои се изведуваст со вбризгување на активни супстанци (витамини, минерали, амино киселини) во дермот и хиподермот на лицето, вратот, деколтето, дланките како и мезотерапија на телото;
Еден од најефикасните третмани со помагала уреди засновани на енергија е Ultherapy – како неинвазивна постапка за лифтинг-подигање и затегање на кожата на лицето, вратот и деколтето, единствената метода за нехируршки лифтинг која е одобрена од страна на FDA (Американската Федерална Агенција за лекови и храна).
Естетската дерматологија, исто така опфаќа и естетика на телото. Освен постоечките ласерски уреди и Ултера, еден од најбараните третмани за подобрување на тонусот на мускулатурата на телото е функционалната магнетна стимулација. Овој третман може да се користи за создавање или за оформување на мускулната маса во зоната на стомакот, рацете, бутовите, задникот и нозете, давајќи им подобар тонус и дефиниција на мускулите.
Бидејќи кожата е најголемиот орган на телото, нејзината нега и заштита се од витално значење. Затоа естетската дерматологија е наш голем сојузник во потрагата по младешки изглед и убавина.
Дознајте повеќе за нашите третмани во естетската дерматологија на 02 3104 910.