Проф. д-р Милка Клинчева со учество на вропскиот конгрес за срцева слабост во Прага

Дневна доза здравје

јуни 19, 2023

Во периодот од 20 – 23.05.2023 година се одржа Европскиот конгрес за срцева слабост во Прага, Чешка република. Работата со пациентите со срцева слабост, беше идеја за пишување на труд на проф. Д-р Милка Клинчева. Трудот кој беше прифатен за усна презентација на овој реномиран Европски конгрес, беше инспириран од неколку последни научни студии, кои ја разбрануваа светската кардиолошка јавност. Веруваме дека со нашата работа, ќе успееме да се приближиме до одговорот на неколку клучни прашања околу реваскуларизацијата и коронарната артериска болест.

Презентирањето на трудот поттикна прашања и пофалби кон нашиот тим за добро сработената работа, од страна на научната комисија и колегите.