00389 2 3091 484
август 7, 2023
Сите човечки суштества со нормално психофизиолошко функционирање (во рамките на просекот) заплакале или ќе го направат тоа повеќе пати во текот на нивниот живот. Всушност, кога ќе се роди бебе, токму плачењето е првото нешто што се очекува и првиот знак дека неговото тело работи правилно.
Сите знаеме дека плачењето е природно и дека ни се случува во различни прилики, кога имаме проблем со очите, не чешаат или печат, а плачеме и кога сме тажни или пресреќни. Но она што е важно е да ги спознаеме механизмите и каква корист ние имаме од тоа.
Неопходно е да се разликуваат физиолошките солзи од емоционалните или психолошките.
Физиолошките солзи се оние кои служат за заштита на нашиот визуелен систем (очите), резултат на рефлекси или се лубриканти.
Солзите за подмачкување се оние кои потекнуваат од рожницата, го чистат и штитат окото од надворешни агенси (како што е прашина и сл.). Дневно се произведуваат приближно 1 ml солзи за подмачкување. Рефлексните солзи пак се оние кои штитат од надворешни напади како што се иритирачки гасови или хемиски супстанци. Тоа се оние солзи кои се појавуваат при лупење на кромид на пример, и содржат голема количина на антитела кои ќе го заштитат окото од бактериски напади.
Конечно имаме емотивни солзи, на кои ќе се фокусираме.
Тие се појавуваат пред силна емоција, хипоталамусот интервенира во емоционалната интерпретација и е тој што испраќа наредби до очните органи за производство на солзи. Според една студија (Walter & Chip, 2006) со примерок од повеќе од триста луѓе, мажите во просек плачат пролевајќи емотивни солзи еднаш месечно, а жените најмалку пет пати месечно, разликата меѓу двата пола се објаснува поради хормонални варијации за време на циклусот.
Каква е користа од создавање солзи во ситуација со емоционален интензитет? Тие обично се појавуваат во услови на болна несакана ситуација. Во овој случај се чини дека лачењето солзи има аналгетска и ублажувачка функција.
Емоционалните солзи што ги пролеваме пред нашата или туѓа драматична ситуација носат добра доза на калиум и манган хлорид, ендорфин, пролактин со нив надвор од телото, адренокортикотропин и леуцин-енкефалин (природен лек за болка).
Освен тоа, кога плачеме, мозокот троши голема количина гликоза и кога ќе завршиме со плачењето, се чувствуваме уморни и поопуштени како да сме спортувале, што може да го поттикне одморот на телото во стресни ситуации. Дополнително, самиот факт на плачење ќе нè натера да се повлечеме во себе, да направиме лична рефлексија или интроспекција и да ни овозможи да ја покриеме потребата да се слушаме себе и да се грижиме за себе во одредени моменти, оставајќи ги настрана другите работи што нè засегаат секојдневно.
Се разбира, солзите имаат многу важна адаптивна социјална функција, кога гледаме како други плачат, знаеме дека можеби ќе им треба помош или различен третман од вообичаеното.
Така, ако ја додадеме биолошката функција во комбинација со интраперсоналната и релациската, солзите по загуба на една блиска личност, ќе ни помогнат да ја поминеме емоцијата на подобар начин.
Кога доживуваме емоција на екстремна радост, нашето тело понекогаш го толкува како нешто„претерано“, а нашиот емоционален систем како губење на контролата. Во овие околности, плачењето помага да се врати емоционалната рамнотежа.
Некои луѓе страдаат од автоимуна болест, Сјорен-ов синдром, во која постои трајна сувост во солзниот канал. Но, оставајќи ги настрана можните физиолошки проблеми со производството на солзи, некои луѓе имаат проблем да плачат кога доживуваат загуба или силни емоции, обично придружени со неможност да почувствуваат тага. Ова може да биде резултат од повеќе причини и често е поврзано со лошо искуство со емоционално управување во одредено време (на пример, да сте претрпеле тешка депресија или да имате блиска личност која страда од неа), како резултат на тоа се активира ирационален страв од плачење.
Општествените норми, исто така, влијаат на одредени култури каде што плачењето се гледа како нешто „лошо“, а постојат и многу други култури, каде плачењето е нешто природно и нормално што не треба да биде „потиснато“. Затоа важно е да се научи како да се плаче кога е потребно, бидејќи како што напоменавме погоре, плачањето (солзите) има повеќекратни предности за врамнотежување на нашето емоционално здравје.
Нашите стручни лица во одделот за психијатрија и психологија ви стојат на располагање за консултација и третман на сите ваши емоцијонални проблеми. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484