Негувател е секој оној кој се грижи за друго лице на кое му е потребна помош и нега. Тоа може да се однесува за дете, стар родител, болен животен партнер, роднина, пријател или сосед. Негувател, исто така, може да биде и платен професионалец кој обезбедува грижа во домот или на место надвор од домот на лицето. Негувателите ја препознаваат состојбата и пријавуваат повисоки нивоа на стрес споредено со останатите луѓе. Оттука е битно и благовремено да знаат дека е неопходно да побараат помош и поддршка.
Грижата за болното лице носи чуство на награда и себе вреднување, но истовремено претставува стресна состојба. Генералниот впечаток при негување друго лице е дека сме корисни, односно се има чувство дека правиме нешто корисно кога даваме помош на друго лице, односно олеснуваме туѓа мака. На тој начин расте чуството за себевреднување и почитување, а од друга страна придонесува во создавање на посилна и поздрава релација со болното лице.
Но, негувањето предизвикува и емоционален и физички стрес. Вообичаено е да се јави чуство на лутина, фрустрираност, истрошеност или тага. Повремено се јавува и доживување на самотија.
Овој континуиран стрес кој го доживуваат негувателите, може да влијае како на нивното телесно, така и на нивното ментално здравје. А постојат и одредени фактори кои стресот уште повеќе го изразуваат. Такви се:
Грижа за брачен другар,
Живеење со личноста на која и е потребна грижа, или потреба од постојана грижа,
Чувство на беспомошност или безнадежност,
Соочување со финансиски проблеми,
Недостиг на насоки од здравствените работници,
Неопходност да се биде негувател, без да се има друг избор,
Личен недостиг на добри вештини за справување или решавање проблеми,
Чуствителна личност која е постојано загрижена и сл.
Знаци на стрес кај негувателите
Фокусирани на негата и грижата за болно лице може да придонесе да направите превид како тоа влијае на вашето здравје и благосостојба. Знаците на стрес кај негувателите вклучуваат:
Чувство на оптоварување или загриженост цело време,
Чувство на замор,
Недоволно или прекумерно отспивање,
Зголемување или губење на телесна тежината,
Лесно постигнување на напнатост или лутина,
Намалување на интересот за активности кои претходно носеле задоволство,
Појавување на чувство на тага,
Соочување со чести главоболки, болки по телото или други здравствени проблеми,
Злоупотреба на алкохол или дрога, вклучително и лекови на рецепт,
Не соодветно исхранување,
Не наоѓање време за личен здравствен преглед и др.
Сето ова погоре наведено го зголемува ризикот од здравствени состојби, како што се срцеви заболувања и дијабетес.
Совети за управување со стресот на негувателите
Емоционалните и физичките барања за грижата можат да ја напнат дури и најсилната личност. Многу ресурси и алатки можат да ви помогнат да се грижите за вашите блиски и за себе. Ако не се грижите за себе, нема да можете да се грижите за никој друг.
Како може да се намали стресот кај негувателите:
Побарајте и прифатете помош. Направете листа на начини на кои другите можат да ви помогнат. Истото би вклучило поминување на одредено време или редовни прошетки со личноста за која се грижите, приготвување на оброк за вас, помагање околу медицински прегледи.
Фокусирајте се на она што можете да го направите. Понекогаш може да се чувствувате како да не правите доволно. Но, никој не е совршен негувател. Верувајте дека правите најдобро што можете.
Поставете цели што можете да ги достигнете. Поделете ги големите задачи на помали чекори. Издвојте битни од небитни работи од вашето секојдневие. Кажете „не“ на барањата што исцрпуваат, како што е давање оброци за празници или други прилики.
Поставете цели што можете да ги достигнете. Поделете ги големите задачи на помали чекори. Издвојте битни од небитни работи од вашето секојдневие. Кажете „не“ на барањата што исцрпуваат, како што е давање оброци за празници или други прилики.
Информирајте се за алтернативни услуги за грижа во вашата област. Може да најдете услуги за нега, како што се превоз до одредена институција или екскурзија, испорака на оброци или чистење на куќата.
Придружете се на група за поддршка. Луѓето во групите за поддршка знаат со што се соочувате. Тие можат да ве бодрат и да ви помогнат да ги решите проблемите. Групата за поддршка, исто така, може да биде место за стекнување нови пријатели.
Побарајте социјална поддршка. Останете поврзани со семејството и пријателите кои ве поддржуваат. Најдете време секоја недела да се видите со некого, дури и ако тоа е само прошетка или брзо кафе.
Грижете се за вашето здравје. Истото вклучува редовни здравствени проблеми, добро исхранување, спиење и движење.
Грижата за себе вклучува и остварување на преглед за лични цели доколку не се чувствувате добро. Доколку имате некој од погоре наведените симптоми може да остварите консултација или преглед со д-р Марија Костадиновска, психијатар во нашата клиничка болница. Повелете закажете на тел. број 02/3091484.
Поврзани Новости
18.12.2024
Ендометриоза – факти, симптоми и решенија
Факти Ендометриозата се јавува приближно кај 10% од жените во репродуктивна возраст и таа бројка во светски рамки изнесува 190…