00389 2 3091 484
јануари 10, 2024
Трансплантацијата на ‘рскавица е третман кој овозможува замена на оштетените области на ‘рскавицата како резултат на специфични повреди, кои најчесто настануваат на долните екстремитети.
Трансплантацијата на ‘рскавица се користи, пред сè, во случаи на оштетување на ‘рскавицата на глуждот и коленото. Нормално, во областите кои носат многу оптоварување, директно се имплантираат парчиња коска и ‘рскавица или се култивираат клетки од ‘рскавица.
‘Рскавицата е многу важно ткиво кое обезбедува динамика на зглобовите. Ги покрива краевите на коските и има голем капацитет да поддржува, дистрибуира и пренесува сили на компресија на кои се подложни зглобовите секојдневно или за време на спортски активности. Контактниот дел на зглобот е мазен на краевите и е многу добро подмачкан, што го намалува триењето помеѓу површините. Сепак, поради интензивната искористеност на ‘рскавицата истата може да биде оштетена и тоа да прерасне во голем проблем. Во случај на трауматска или дегенеративна повреда можноста за регенерација е скоро невозможна, а тоа доведува до остеоартритис и губење на функцијата на зглобовите.
Целта на трансплантацијата на ‘рскавица е вградениот материјал да биде еднаков на зглобната ‘рскавица што ја заменува, намалувајќи ги дегенеративните трауматски повреди. На овој начин совршено ќе се интегрира со соседните ткива во зглобот и ќе ја врати површината на триење на зглобот.
Трансплантацијата на ‘рскавица се изведува преку артроскопија, односно преку 2 или 3 мали засеци не повеќе од еден сантиметар кои му овозможуваат на трауматологот да пристапи до лезијата. Со артроскопија, повредениот дел од зглобот ќе биде отстранет. Така, со посебена техника ќе се отстранат парчињата од коска и ‘рскавица од истрошените/повредените места на зглобот и ќе се вградат во повреденото место. Како компензативен начин, оштетената област може да се всади во здравиот дел, за да се спротивстави на преоптоварувањето.
Во случаи на автологна трансплантација на ‘рскавица, оштетената површина се измазнува и се извлекува рскавичниот материјал за да се користи кај самиот пациент. Оваа ‘рскавица мора да се одгледува околу четири недели. По овој период, култивираните клетки на ‘рскавицата повторно се имплантираат, во втора артроскопија, така тие растат за да се поправи повредата/ оштетениот дел.
Пред да се направи операција за трансплантација на ‘рскавица, специјалистот трауматолог мора да ја процени сериозноста на повредата. Ренген снимката ќе биде главната техника што се користи за дијагностицирање на повреди на траума на коленото. Но, понекогаш промените во коската не се видливи. Во вакви случаи, ќе биде неопходна МР – магнетна резонанца, што ќе ја покаже не само состојбата на ‘рскавицата на коленото, туку и ако има поврзани/други повреди.
Од друга страна, пациентот исто така мора да го информира хирургот за какви било лекови што ги прима и кои би можеле да ја попречат интервенцијата. Дополнително, ќе се направат некои предоперативни испитувања за да се процени здравствената состојба на пациентот, како ЕКГ и лабораториски испитувања.
По интервенцијата, пациентот мора да ги слуша препораките на трауматологот за правилно да се опорави. По интервенцијата, нормално е коленото да е отечено, па затоа се препорачува пациентот првите неколку дена да ја држи ногата подигната. Може да држи мраз на оперираната област со цел да се намали воспалението.
Од друга страна, важно е да се негуваат, исчистат и сушат засеците. Специјалистот ќе му каже на пациентот како да продолжи и кога може да се истушира и да го смени завојот.
Во исто време, трауматологот и специјалистот за физиотерапија ќе препорачаат серија/низа персонализирани вежби за рехабилитација на пациентот. Со тоа, прогресивно ќе се обнови флексионално-екстензијата и ротационото движење на коленото, како и повторно ќе ги зајакне мускулите.
Целта на операцијата за трансплантација на ‘рскавица е имплантираното ткиво совршено да се интегрира со другите ткива на зглобот на коленото. Во последниве години, развиени се различни процедури за поправка на повредите на ‘рскавицата, како што е употребата на хондроцити и други клетки, во комбинација со биолошки терапии како генска терапија. Со ова се смета дека во иднина ќе биде можно да се регенерираат повредите на коленото.
Сепак, тоа се тешки повреди за лекување, со мал капацитет за регенерација со сегашните техники, па затоа превенцијата и трансплантацијата на ‘рскавица се најповолни решенија.