Дисоцијативните нарушувања се состојби на менталното здравје кои вклучуваат чувство на одвојување од реалноста, односно губење на врската помеѓу мислите, сеќавањата, чувствата, околината, однесувањето и идентитетот. Овие состојби не одделуваат од актуелните реални случувања на непосакуван и нездрав начин, предизвикувајќи ни проблеми во секојдневното функционирање.
Зборот „дисоцијација“ значи исклучување од другите, од светот околу себе или од себе си. Преку дисоцијацијата умот избира начин како да се справи со премногу стрес. Периодите на дисоцијација може да траат релативно кратко време (часови или денови) или многу подолго (недели или месеци). Многу луѓе со дисоцијативно растројство имале трауматски настан во детството. Дисоцијацијата може да се случи како начин за справување со стресот/траумата.
Симптоми
Симптомите на дисоцијативно нарушување може да варираат, но може да вклучат:
Чувство на исклучување од себе и светот околу себе
Губење на меморијата за одредени временски периоди, настани, луѓе и лични информации
Чувство на несигурност за сопствениот идентитет или доживување на повеќе различни идентитети
Чувство на мала или никаква физичка болка
Некои луѓе со дисоцијативни нарушувања имаат напади. Тие може да варираат од несвестица до напад кој наликува како епилептичен напад
Несоодветно справување со стрес и сл.
Американската психијатриска асоцијација дефинира три главни дисоцијативни нарушувања: деперсонализација-дереализација, дисоцијативна амнезија и дисоцијативно нарушување на идентитетот.
Деперсонализација-дереализација
Деперсонализацијата вклучува чувство на одвоеност од себе или чувство на постоење надвор од себе. Опфаќа доживување на себе си како да сме во можност да ги гледаме сопствените постапки, чувства, мисли и себеси од далечина, односно како гледање на филм.
Дереализацијата вклучува чувство и дека другите луѓе и работи ги примаме како на сон. Симптомите, кои можат да бидат многу вознемирувачки, може да траат со часови, денови, недели или месеци. Тие можат да се појават и да исчезнат во текот на неколку години. Или можат да станат континуирани.
Дисоцијативната амнезија може да биде специфична за настани што се случиле во одредено време. Поретко, тоа може да вклучи целосно губење на меморијата за себе. Понекогаш тоа опфаќа патување проследено со несеќавање, и е познато како дисоцијативна фуга.
Дисоцијативно нарушување на идентитетот – Порано познато како растројство на повеќе личности, ова нарушување вклучува „сменување“ на два или повеќе идентитети. Секој идентитет може да има уникатно име, лична историја и карактеристики. Овие идентитети понекогаш вклучуваат разлики во гласот, полот, манирите, па дури и такви физички квалитети како потребата за очила. Исто така, постојат разлики во тоа колку секој идентитет е познат со другите. Дисоцијативното нарушување на идентитетот обично вклучува и напади на амнезија и често вклучува периоди на бесцелоно талкање.
Дијагноза
Дијагнозата обично вклучува разговор каде се соопштуваат симптомите и преглед со цел да се исклучи одредена медицинска состојба што може да ги предизвика симптомите. Прегледот и утврдување на здравствената состојба често вклучуваат упатување до стручно лице за ментално здравје за да се постави дијагнозата.
Дијагнозата може да вклучува:
Физички преглед. При преглед потребно е да се искажат тегобите. Понекогаш потребно е да се направат испитувања со цел да се исклучат телесни состојби кои можат да предизвикаат симптоми како што се губење на меморијата и чувство на одвоеност од реалноста. Тоа се случува при: повреда на главата, одредени мозочни заболувања, тежок недостаток на сон и употреба на дрога или алкохол.
Преглед на менталното здравје – при што се разговара за начинот на кој лицето размислува, чувствува и се однесува. На преглед може да присуство и блиско лице, член на фамилија или пријател кој би појаснил за одредена тегоба поврзана со здравјето на лицето кое бара преглед. Третман
Третманот за дисоцијативни нарушувања може да варира во зависност од видот на нарушување. Третманот генерално вклучува психотерапија и лекови.
Психотерапија
Психотерапијата исто така наречена терапијата со разговор каде стручно лице за ментално здравје појаснува за самото нарушување и проблемите поврзани со истото. Преку психотерапијата се разбира причината за состојбата , но може да помогне и да се развијат нови начини за справување со стресни ситуации. Со текот на времето, стручното лице од областа на менталното здравје, може да помогне клиентот да се ослободи и спонтано да збори за шокантни, вознемирувачки или болни настани од минатото. Ова обично се случува по воспоставување доверлив однос со стручното лице.
Лекови
Иако не постојат лекови кои конкретно ги третираат дисоцијативните нарушувања, се ординираат антидепресиви, лекови против анксиозност или антипсихотици со кои се олеснуваат симптомите и се овозможува поздраво вклучување во секојдневните предизвици.
Поврзани Новости
18.12.2024
Ендометриоза – факти, симптоми и решенија
Факти Ендометриозата се јавува приближно кај 10% од жените во репродуктивна возраст и таа бројка во светски рамки изнесува 190…