00389 2 3091 484
октомври 10,2017
„По направената коронарографија во Клиниката за кардиологија во Скопје ми се јави доктор од таму и ми кажа дека наодите покажуваат индиции за операција. Ми понудија 3 опции на болници каде што се прават кардиолошки операции во соработка со Фондот за здравствено осигурување во Македонија. – Нема двоумење сега, мојот избор е болницата ЖАН МИТРЕВ – им реков на докторите, и за брзо закажавме термин во вашата болница. Се беше толку професионално и експедитивно, за 1 час се завршив и веќе ми беше закажана операција кај д-р Жан Митрев за следниот ден“, со благодарности кон д-р Жан Митрев и целиот персонал од одделението за полуинтензивна нега зборуваше Божана Илиевска (65).
Кај Божана беше направена бајпас операција и по постоперативниот период таа веќе се чувствуваше добро и подготвена за дома. „За цело време сум со позитивни изненадувања во оваа болница. Најнапред што овде може да се оперираат сите пациенти со кардиолошки болести благодарение на соработката со ФЗО. Потоа, дека овде се прават и други интервенции од повеќе медицински гранки (ортопедија, урологија, абдомен и др.) и дека имате големи успеси на тој план. На крај и најважно дека сите се професионални, љубезни и коректни кон пациентите. Без никакви болки и со многу совети и помош од персоналот времето поминува брзо и овде имаш чувство како да си дома. Единствено што сметам дека треба да се влијае кај надлежните институции е да се прошири соработката со ФЗО и за други медицински интервенции. Така би имале уште повеќе среќни пациенти“, дополни Божана која долги години живеела во Шведска, но носталгијата кон родниот крај ја вратила во Македонија. Таму останале нејзините ќерки кои работат во болница и се научени на професионални стандарди кои веднаш ги забележале и овде додека биле во посета на мајка им. Ние им благодариме на убавите зборови дека болницата ЖАН МИТРЕВ е современа медицинска установа каде пациентот е на прво место, а на Божана ѝ посакуваме уште многу среќни моменти со своите ќерки!