00389 2 3091 484
јули 07,2020
Кога некој сам ќе посведочи за тоа што доживеал во најтешките моменти од својот живот се смета за најискрено сведоштво кое останува за секогаш врежано во психата на сите оние кои ќе го видат, прочитаат или слушнат.
Токму едно такво сведоштво споделуваме со вас од една наша пациентка која сакаше да сподели моменти од она што и се случувало во нашата клиника изминативе денови а за неа значеше борба за живот.
55-годиншната Б.К. со сите симптоми на инфекција од Ковид – 19 и позитивен брис, своето лекување го започнува во една од државните болници по што драстично и се влошува состојбата и одлучува да го продолжи лекувањето во Zan Mitrev Clinic.
По влошување на состојбата таа со болничко возило беше префрлена во нашата клиника каде започнува интензивното лекување.
– Состојбата во која се наоѓав беше тешка и животно загрозувачка. Веднаш бев ставена на машина за прочистување на крвта – веновенска хемодијафилтрација и кислородна подршка. Почувствував дека само по неколку тешки денови терапијата почна да делува, и параметрите кои беа сериозно надвор од сите граници почнаа да се враќаат во нормала, а дишањето кое иако се уште многу отежнато стана полесно.
Им се заблагодарувам на медицинскиот персонал за одличната нега која ми ја пружија. Особена благодарност кон физиотерпевтите кои при стабилизирање на мојата здраствена состојба, по филтрацијата, веднаш почнаа со вежби за зајакнување на белите дробови нивно постепено оптеретување се до степен каде повеќе не ми е потребна кислородна подршка. Во клиникава се употребуваат најнови и модерни апарати за третман како на мускулатурата така и за полесно ослободување од насобраниот секрет во белите дробови, а третманите и лекувањето е персонализирано и испланирано за секој пациент посебно. Добив врвна нега во сите аспекти на моето лекување, бев под постојана контрола и проверка. Професионалните, љубезни и ведри доктори и сестри ми пружаа и психолошка подршка која во тие моменти ми дадоа сила да се изборам за живот. Моето семејство беше постојано и редовно известувано за мојата здраствена состојба, но тие знаеа дека сум препуштена во најдобрите раце не само во нашата земја Македонија туку и во светот. Изразувам длабока и искрена Благодарност кон доктор Жан Митрев не само за неговата професионалност и посветеност кон пациентите, туку и за градење на оваа Клиника и собирање на исклучително професионалниот персонал со кој спасил илјадници животи, а сега и мојот.
Им се заблагодарувам уште еднаш и им посакувам што повеќе сила за посветено работење и брзо наоѓање на стратегија за лекување на тешко болните од Ковид 19. Јас верувам дека тој треба само да ја следи божјата мисла која го пратила овде за да прави добро на својот народ. Бидете претпазливи, правете се да го намалите ризикот за ширење на Ковид 19 за да се заштите себеси и вашите најмили ! Ви посакувам здравје! Искрено, Б.К. – го завршува своето сведочење оваа наша пациентка на која и посакуваме многу здравје и среќа во иднина.