Често пати проблемите со стомакот можат да ни креираат нелагодност и да не направат несреќни и нервозни. Пстојат различни видови, но овој пат ќе зборуваме за гастроинтестиналните проблеми.
Што е она што ги предизвикува гастроинтестиналните (стомачните) заболувања?
Болестите на системот за варење можат да ни предизвикаат голем број проблеми, па дури и да ни го уништат комплетно денот. Започнуваат со мала непријатност, која што се чини дека не е толку релевантна. Но по неколку часа болката започнува да го зголемува интензитетот.
Клучното прашање е: Како да се спречат гастроинтестиналните заболувања? Како да се избегнат и дали доколку се појават со нив може нормално да се функционира? Иако реално не можеме да ги избегнеме, понекогаш може да ги ублажиме и да ја намалиме фреквенција грижејќи се правилно за дигестивниот систем.
Кои се најчестите гастроинтестинални заболувања?
Иако има голем број на болести кои директно или индиректно можат да влијаат на дигестивниот систем, има неколку кои се прилично застапени, а се предизвикани од надворешните фактори како што е топлото време. Тоа имено придонесува за бактериите да се репродуцираат побрзо. А има и такви кои се поврзани со одредени навики во исхраната и хигиената специфични за некој регион и како такви можат да влијаат на целата популација.
Интоксикација/Труење: Интоксикацијата е предизвикана од конзумација на загадена храна. Болеста се развива од заразни организми како што се бактерии, вируси и паразити или од нивните токсини. Овие се многу чести, а се појавуваат повеќе во топла клима или сезони каде што температурата се зголемува над 30°, бидејќи овозможуваат размножување на овие патогени.
Диспепсија: Ова може да се појави по конзумирање на храна која била премногу тешка. Во желудникот се појавуваат болки или металоиди кои не се предизвикани од фактор на чир, а може да вклучуваат и гадење, надуеност и чувство на ситост дури и кога се јаде многу малку.
Синдром на нервозно дебело црево: Без сомнение, тој е еден од најчесто дијагностицираните гастроинтестинални проблеми од страна на лекарите. Тоа е промена во нормалното функционирање на дебелото црево што може да предизвика умерена до тешка абдоминална болка. Генерално предизвикува континуирана дијареа или запек.
Акутен гастроентеритис: Тоа е воспаление на гастроинтестиналниот тракт како резултат на инфекција. Акутниот гастроентеритис претставува дијареа и колика односно грчеви). Кај одреден дел од популацијата може дури да се манифестира со треска и повраќање. Исто како кај интоксикацијата (труењето) и гастроентеритисот е предизвикан од заразни организми како што се бактерии, вируси и паразити или од нивните токсини.
Рефлукс: Може да се појави во секое време од денот или ноќта, дури и додека спиеме. Кога содржината од желудникот согастричната киселина се крева низ хранопроводникот, тоа резултира со чуство на „горење/печење“. Тоа најчесто се случува поради конзумирање на некои намирници кои можат да бидат многу иритирачки и да го направат вашиот желудник поактивен. Истотака рефлуксот се манифестира и со забрзување на срцевиот ритам за кое често пациентите се обраќаат кај доктор кардиолог.
Доколку имате стомачни тегоби, нашите доктори специјалисти во овој домен, ви стојат на располагање со совети и решениа. Закажете го вашиот термин за консултативен преглед на 02 3091 484
Поврзани Новости
20.11.2024
Синдром на суво око или компјутерски вид
Сувото око е хронична патологија која се карактеризира со недоволна количина на солзи и/или влошување на нивниот квалитет, што предизвикува…
Гинекомастијата претставува состојба на абнормално зголемување на дојките кај машките индивидуи. Се јавува како резултат на дисбалансот меѓу машките и…