Помошник во кујна

септември 09,2024

Ресторанот МЕД-ПУЛС, интегриран во просториите на “Жан Митрев Клиника”, вработува помошник во кујна за да се приклучи на нашиот тим.

Одговорности:

  • Прием од главниот магацин на артиклите за подготовка на храна и нивно редење на полица,
  • Прва подготовка на храна ( миење, лупење на зеленчук и овошје),
  • Подготовка на салати од зеленчук и овошје
  • Помош во останатите делови на кујната таму каде што е потребно
  • Спроведување на стандарди за хигиена и санитарни услови во кујната
  • Соработка со кујнскиот тим за обезбедување на ефикасно функционирање на кујната

Потребни квалификации:

Искуство во истиот или сличен работен контекст ќе се смета за предност

Вештини и способности:

  • Одговорност и лојалност
  • Професионалност и прецизност во извршувањето на задачите
  • Тимско работење
  • Мотивација и стабилност во работата

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација на vrabotuvanje@zmc.mk. Во апликацијата наведете ја позицијата за која аплицирате.

*Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои што ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани.
*Сите пристигнати апликации за работа ќе се третираат со целосна доверливост.