00389 2 3091 484
октомври 10,2024
Одговорности и работни задачи
Професионален фармацевт е одговорен за испораката на квалификувана и висококвалитетна фармацевтска грижа на пациентот; учествува во одржување и спроведување на воведените стандарди како и планирање, анализа и спроведување на набавка на потребни лекови и материјали за потребите на болницата. Тој/таа покажува висок степен на критичко размислување, техничка вештина, иницијатива, интегритет, точност и внимателна фармацевтска грижа. Извршување на сите должности и одговорности во согласност со воспоставените политики, процедури и упатства. Извршување на други должности како што се бара.
Потребни квалификации:
• Дипломиран фармацевт
• Лиценца за работа во дејноста
• Одлично познавање на англиски јазик.
• Одлично познавање на MS Office програмот
Вештини и способности:
• Висок степен на лична организираност
• Способност за менаџирање со време и одредување на приоритети
• Способност за тимска работа
• Развиени интерперсонални вештини
• Способност за работа во динамична средина
• Висока флексибилност и адаптибилност
Клиничка болница Жан Митрев Скопје нуди одлични услови за работа и високо професиoнална работна атмосфера.
Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација на vrabotuvanje@zmc.mk
*Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои што ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани.
*Сите пристигнати апликации за работа ќе се третираат со целосна доверливост.