00389 2 3091 484
јули 07,2025
,,На почетокот на јуни на социјалните мрежи прочитав објава дека во Скопскиот градски парк ќе има бесплатни дерматолошки прегледи по повод Светскиот ден на меланома. Си реков – ќе одам! Сакам да си проверам неколку бемки кои ги имам со години. Ми беше кажано дека за бемката која ја имам на стомакот мора да направам попрецизен преглед во клиника. Таа бемка ја имам десетина години и веќе ми порасна околу 2 сантиметри. Ова ме замисли и веднаш дома истражив на интеренет кој во клиника Жан Митрев ги прави прегледите и која е процедурата за закажување преглед за оваа проблематика,, – вака го почнува своето сведочење господинот Слободан Радевски кој успешно го реши својот долгогодишен проблем кој му се заканувал со комплицирање на состојбата и здравјето доколку не го реши на време.
Навидум безопасна состојба, но, предупредувањето – Уште утре да се јавите на преглед! – кај г-дин Радевски, сега веќе нашиот Боби, одекнувало длабоко во свеста и по малку себеубедување стапил во контакт со нашата докторка Илина Гаџевска-Томулевска, супспец. по пластична реконструктивна и естетска хирургија.
,,Ми се јавува докторка Илина, максимално љубезна, со голема доза на доверба ми објасни како би одела процедурата за интервенција на мојата бенка на сомакот со цел трајно и безбедно. На 11 јуни влегувам на закажаната операција во амбулантата на докторка Илина која ме запозна со нејзиниот колега д-р Михаил Таушанов кој ќе асистира на операцијата. Започна процедурата. Анестезијата делува, не чуствувам ништо, а гледам докторите работат на мене. Чудно, но имам доверба во нив. Следно се сеќавам како една сестра ме боцка во раката ги гледам како докторите Илина и Михаил ја привршуваат операцијата. Си велам – Ок преживеав!,, – ни ја раскажува својата приказна со голема насмевка и задоволство Боби на контрола десетина дена по интеревенцијата.
На 16 јуни Боби ја дознал и точната дијагноза, по добивање на резултатите од биопсијата. Утврдено е дека т.н. бемка на стомакот всушност е малиген меланом кој за среќа се ширел само површински и кожното ткиво кон внатрешноста на стомакот го пробил само 0,62 милиметри.
Пациентот Слободан Радевски првично се јавил на преглед кај д-р Анџелка Илиева специјалист дерматовенеролог на бесплатните прегледи кои беа организирани по повод месец Мај месец за подигање на свеста за рана детекција на малиген меланом. Потоа дојде на супспецијалистички преглед по пластична и реконструктивна хирургија при кој беше поставена индикација за хируршки третман. Оперативниот зафат беше извршен во локална анестезија на барање на пациентот и при истиот промената радикално се одстрани и испрати за патохистолошка анализа. Патохистолошкиот резултат ни ја потврди дијагнозата и понатаму продолжува лекувањето на пациентот беше третиран согласно сите светски протоколи за третман на малиген меланом според стадиумот на болеста. Пациентот се чувствува добро, раната му е уредно зарасната, изјави д-р Илина Гаџевска Томулевска.
Ова е само еден случај кој треба да не потсети за сериозноста на оваа болест и потребата од редовни самопрегледи и прегледи кај дерматолог.