Тимот на Жан Митрев

Елена Џикова

Спец. по гинекологија и акушерство
Супспец. по перинатологија

2020

Станува супспецијалист од областа перинатологија.

2019

Е избарана за доцент на Катедрата по гинекологија и акушерство, Медицински факултет Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

2017

Станува доктор на науки станува на тема: „Неинвазивни методи за пренатално одредување на фетална зрелост“ со што воведува за првпат нова неинвазивна метода за испитување на фетална зрелост во пренаталниот период.

2017

Ја одбрани дисертацијата на тема: „Неинвазивни методи за пренатално одредување на фетална зрелост“

 2006

Стана специјалист по предметот гинекологија и акушерство.

2001

Започна пост-дипломски студии на Медицинскиот факултет во Скопје, и ги положи сите испити со среден просек 10.

1999

Го заврши Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, Република Македонија.

1993

Се здоби со FCE сертификат од Универзитетот во Кембриџ.

1992

Ја освоила највисоката награда на град Скопје, наградата „13ти Ноември“, за медицина и научно-истражувачка работа.

 1989-1992

Има освоено 4 републички награди за медицина и научно истражувачка работа.

 

 

2025- во тек

Специјалист по гинекологија и акушерство, супспецијалит по перинатологија во Клиничка болница Жан Митрев, Скопје.

Работи како професор по предметот гинекологија и акушерство, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Медицински факултет, Скопје.

2024

Избрана е за Вонреден професор на Катедрата по гинекологија и акушерство, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кири.л и Методиј“ Скопје,

2015

Медцинскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ја унапреди во асистент-докторанд.

2011

Станува докторанд од истата област и ги положува сите предмети на докторските студии со највисок успех.

2002

Започнува да работи на Катедрата по гинекологија и акушерство каде е избрана во звањето помлад асистент на Катедрата по гинекологија и акушерство, на Медицинскиот факултет во Скопје.

2001

Е вработена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

 

 

 

 

2023

Учествува во многу школи и работилници како предавач, како и други наставно-образовни.

2012

Се здоби со сертификат: “Training of teaching skills” во организација на ENYGO (European Network of Young Gynae Oncologists) кое е субдивизија на Европската федерација за гинеколошка онкологија.

 

2023

Македонското лекарско друштво и доделува Плакета за значаен придонес во остварувањето на целите и задачите на Македонското лекарско друштво.

2022

Здружението на студенти по медицина, и додели Благодарница за особен придонес во реализацијата на семинарот „Приказ на случаи од ургентни состојби во гинекологија и акушерство.

2021

– Лекарската комора на Р. С. Македонија и додели Благодарница за особен придонес и ангажираност при справување со пандемијата предизвикана од корона вирусот Covid 19.

– Македонското лекарско друштво и додели Диплома за придонес и ангажирање во работата на Македонското лекарско друштво.

2016

– Европската медицинска студентска асоцијација на Македонија и додели Благодарница за учество на проектот „Денови на медицинската едукација“.

– Европската Медицинска студентска асоцијација и додели Благодарница за учество на проектот „Денови на медицинската едукација“ како предавач на тема „Конгенитални малформации на плод и дете со вирусна етиологија“,

1992

– Ја освоила највисоката награда на град Скопје, наградата „13ти Ноември“, за медицина и научно-истражувачка работа;

– Се здобила со сертификат: “Training of teaching skills” во организација на ENYGO (European Network of Young Gynae Oncologists) кое е субдивизија на Европската федерација за гинеколошка онкологија.

1989-1992

Има освоено 4 републички награди за медицина и научно истражувачка работа;

 

Проф. д-р сци. Елена Џикова има публицирано преку 160 трудови како автор и коавтор во повеќе наши и меѓународни списанија, книги, монографии, конгресни публикации постер и орални предавања во земјата и во светот, како и делови во 1 монографија во републиката и 1 монографија објавена во странство. Работела на повеќе проекти како национални, така и меѓународни. Била поканет предавач на повеќе предавања во земјата и во светот, од кои најзначајно е поканетото предавање на Светскиот конгрес на интернационалната федерација за гинекологија и акушерство (ФИГО 2018), кое се одржа во Рио де Жанеиро, Бразил, во 2018 година.

Научноистражувачката работа ја унапредува со изработка на докторската теза под наслов: „Неинвазивни методи за пренатално одредување на фетална зрелост“.  Во тек на овој период Проф. д-р Елена Џикова активно учествува на многу европски, интернационални и светски конференции, конгреси, работилници, состаноци, од кои нај значајни се: напредните курсеви за фетална медицина организирани од Fetal Medicine Foundation (FMF) во Лондон, студијски престој во повеќе наврати во King’s College Hospital, во Harris Brightright истражувачкиот центар за фетална медицина, во Лондон, кај професор Кипрос Николаидес, еден од светските лидери во модерната фетална медицина, пренатална дијагностика и интраутерина фетална терпија.
Курсеви за фетална дијагностика, скрининг на аномалии и дијагностика, превенција и третман на високо ризични состојби во бременост кај истиот професор во Лондон, on-line курсеви од полето на перинатологијата организирани од FMF и проф. Д-р Кипрос Николаидес, Ian Donald напредни школи за ултразвук, учесник во тренинг курс за Безбедно мајчинство организиран од Швајцарскиот центар за Интернационално здравје и CRED фондацијата;

Учество на тренинг курс за планирање на адекватна перинатална грижа организиран од Швајцарскиот центар за Интернационално здравје и CRED фондацијата; учесник на OMI visitng professorship in OBG на Отворениот медицински институт и Медицинскиот Универзитет во Виена, 2 пати; завршен едукативен курс од ESGО и положен тест на тема „Рак на грлото на матката-согледување  на нови пристапи на дијагноза и третман; завршен базичен и напреден курс за колпоскопија во организација на Европската федерација за колпоскопија;

Завршен предконгресен колпоскопски курс во организација на Европската федерација за колпоскопија; завршени 6 курсеви од Иан Доналд Школата за Напреден Ултразвук, 3Д/4Д. дијагностика, Неуросонографија, и др.;

Завршен Модул 1 од Школата за практикување Медицина базирана на докази; завршен едукативен курс од ESGO  и положен тест на тема Радикална хистеректомија; National Abortion Federation’s International MVA Training October 2002, Skopje, Macedonia; Artificial organs today: From in vitro assessment to human therapies, September 2007;

Завршена Перинатолошка Школа и успешно положен тест за новини во перинаталната медицина, Будва, Црна Гора 2004 год.;

Оперативен туториум за урогинекологија и пелвична реконструктивна хирургија, 2005, Леобен, Австрија и уште многу други настани од областа на гинекологијата и акушерството како во Р. С. Македонија, така и во Европа и во Светот меѓу кои и во Германија, Шпанија, Велика Британија, Австрија, Грузија, Грција, Италија, Малезија, Кина, Тајланд, Франција, Бугарија, Турција, Србија, Црна Гора, Словенија, и многу други.

Била поканет предавач на повеќе предавања во земјата и во светот, од кои најзначајно е поканетото предавање на Светскиот конгрес на интернационалната федерација за гинекологија и акушерство (ФИГО 2018), кое се одржа во Рио де Жанеиро, Бразил во 2018 година.

Проф. д-р Елена Џикова има публицирано преку 160 трудови како автор и коавтор во повеќе наши и меѓународни списанија од кои 3 со имапкт фактор (Avramovska, M., Karanfilski, B., Dimitrov, G., Dzikova, E., Daneva Markova, A., Hadzi Lega, M., Sikole, A. (2021). Isolated Maternal Hypothyroxinemia and Its Perinatal Outcome in North Macedonia. Acta clinica Croatica, 60. (2.), 246-253; Avramovska M, Kostova NM, Karanfilski B, Hunziker S, Vaskova O, Dimitrov G, Dzikova E, Markova AD, Lega MH, Tofoski G, Sikole A. Thyroid Function of Pregnant Women and Perinatal Outcomes in North Macedonia. Rev Bras Ginecol Obstet. 2021 Oct;43(10):736-742; Avramovska M., Karanfilski, B., Dimitrov G., Tofoski, G., Dzikova E., Daneva Markova A., Sikole A. (2020).

Urinary iodine concentration: predictor of birth weight or biomarker for assessing the iodine status in healthy pregnant women, only? Acta medica Croatica, 74(3),211-220;       Gligor Tofoski, Goran Dimitrov, Elena Dzikova, Anа Daneva Markova, Irena Aleksioska Papestiev, Rosa Naumovska, Iskra Dukova, Natasha Ilieva, Biljana Ognenovska-Jankovska, Aleksandra Biljan, JeanCalleja-Agius.

Oncologic and pregnancy outcomes of fertility-sparing treatment with medroxyprogesterone acetate in women with premalignant and malignant endometrial lesions: A case series. European Journal of Surgical Oncology: Volume 51, Issue 4, April 2025, 109570;

Многу трудови со оригинални научни резултати објавени во научно списание кое е индексирано во најмалку една електронска база на списанија со трудови достапна на интернет, како што се: Еbsco, Emerald, Scopus, Web of Science, Journal Citation Report, SCImago Journal Rank или друга база на списанија која ќе ја утврди Националниот совет за високо образование, 1  труд во меѓународно научно списание, 2 труда во стручно популарно спиание, и уште многу трудови во зборници од научни собири во земјата и во странство,  конгресни публикации, постер и орални предавања во земјата и во Светот, активно зборува англиски јазик, а разбира и се служи со повеќе јазици од балканскиот регион и од Европа.

Коавтор е на 2 поглавја од книги: Markova, A. D., Hadzi-Lega, M., Dimitrov, G., Tofoski, G., Georgievska, J., Dzikova, E. , Kjaev, I.

Indicators of Preeclampsia in Correlation with Maternal Cytokines in Pregnancy. In: Khan, W. A., editor. Autoantibodies and Cytokines [Internet]. London: IntechOpen; 2018 [cited 2022 Jun 03]. doi: 10.5772/intechopen.76344. ISBN 978-1-78984-853-3;

Human papillomavirus (HPV) in pregnancy-influence of vertical tansmision on type of delivery. ХПВ инфекција и асоцирани болести-превенција, дијагноза и третман. Dimitrov Goran, Dzikova Elena, Macedonia. May 2013;251-265. ISBN 978-608-65575-0-8 (поглавје во монографија).

Била член и активно работела во Националниот комитет за безбедно мајчинство и намалување на фетален и мајчин морбидитет и морталитет повеќе години. Била учесник и предавач на повеќе од 40 школи, работилници, симпозиуми и многу други конференции и стручни состаноци во земјата и во странство, како и многу други научно-истражувачки активности од областа на гинекологијата и акушерството, особено перинатологијата, организирани од СЗО, UNICEF, UNFPA, Министерството за здравство и други меѓународни и национални организации.

Во 2020 година станува супспецијалист од областа перинатологија на Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Р. С. Македонија.

Учествувала во повеќе национални и меѓународни проекти од областа на гинекологија и акушерство (Испитување на комбинации помеѓу КИР молекули кај мајката и ХЛА молекули кај плодот во проблематични бремености;

Анализа и ревизија на перинаталната смртност 3 пати;

Учесник во проектот „Денови на медицинска едукација“, ЕМСА, мај 2016 година;

Учесник во проект за сексуално и репродуктивно здравје 2017, 3 пати;

Учесник во националниот проект „National Abortion Federation’s International MVA Training“ October 2002, Евалуација на тироглобулин како иновативен биомаркер за  утврдување на јодниот статус кај бремени жени и доилки (меѓународен проект), Развивање на национален акциски план за безбеден абортус и планирање на семејството;

Учесник во формирањето на акциониот план за перипартална грижа во соработка со Министерството за здравство и УНФПА;

Подобрување на здравјето на мајките и доенчињата: Стратегија за безбедно мајчинство на Република  Македонија 2008-2015 год.(3 мандата).

Учесник во национален проект „Безбедни иновативни здравствени услуги во време на Covid-19“, мобилни гинеколошки амбуланти, предавања на средношколци за сексуално преносливи инфекции поддржано од UNFPA;

Учесник во Програма „Ефективна перинатална грижа“ 2022 година имплементатор МЛД, поддржано од UNFPA член на Работната група за анализа и ревизија на перинаталниот морталитет во Р. С. Македонија, учесник во проект „Клиничка презентација и исход на Ковид 19 кај трудници и новородени“, Учесник во изработка на Perinatal mortality Audit за 2019 и 2020 година.

Била Шеф на Отсек А на оддел Патолошка бременост и високоризична бременост до 2017 година. Денес е дел од единицата за фетална медицина отворена во соработка со Проф. Кипрос Николаидес и фондацијата за фетална медицина и Хеленската Република при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и успешно врши ултразвучни супервизии на фетални аномалии и генетски синдроми, како и високо ризични перинатолошки состјни на ултра-модерен 4Д ултразвучен апарат со сите современи можности за фетална ултрасонографија како и алгоритми воведени од FMF и светските трендови за фетална и перинатална медицина. Ментор е на специјализанти, супспецијализанти и докторанти како од областа на перинатологијата и феталната медицина, така и од областа на гинекологија и акушерство.

Истотака, активно врши прегледи и во супспецијалистичка амбуланта за гинеколошка онкологија каде врши дијагностика и следење на онко-гинеколошки пациенти.

Има одржано голем број на меѓународни предавања од областа на ултрасонографијата, особено напредната 3Д/4Д ултрасонографија и високо-ризични состојби во бременост, скринининг на аномалии, генетски сонограми, инвазивни и неинвазивни техники на детекција на хромозомопатии, вештчка инелигенција во гинекологија и акушерство, особено користење на вештачката интелигенција во современата ултрасонографија како во феталната медицина, така и во гинекологијата, потоа користење на НИПТ тест за рана детекција не само на хромозомски аномалии на плодот туку и малигни заболувања кај бремени пациентки, влијание на онкогени вируси како високо-ризичните ХПВ во бременост, и др.

Има изведено повеќе рецензии на трудови со импакт фактор, печатени од престижните Wiley и European Journal for Surgical Oncology.

Редовен рецензент е на Македонски медицински преглед, Архиви на јавно здравје, и др. Автор е и технички уредник на Универзитетскиот учебник по гинекологија и акушерство, за студенти по општа медицина, 990 страни, издаден во 2024 година, ISBN 978-608-5028-08-5.

Професор д-р Елена Џикова е Генерален секретар и активен член на Македонската асоцијација по гинекологија и акушерство, Потпретседател и активен член на Македонската асоцијација за фетална медицина, активен член и член на Управен одбор на Македонската асоцијација за ендометриоза, активен член на Македонското лекарско друштво, член во Европската асоцијација за гинеколошка онкологија во 2012 година, член на СЕЕМФ, и многу други асоцијации.

Англиски

Германски

Српски

Останати доктори од овој оддел

Ирена Андонова

Доц. д-р Ирена Андонова

Специјалист по гинекологија и акушерство

irena.andonova@zmc.mk

Види го профилот
Јелена Голубовиќ

Д-р Јелена Голубовиќ

Специјалист по гинекологија и акушерство

jelena.golubovikj@zmc.mk

Види го профилот
Рената Димитриоска

Д-р Рената Димитриоска

Специјалист по педијатрија и неонатологија

renata.dimitrioska@zmc.mk

Види го профилот
Владимир Кижески

Д-р Владимир Кижески

Специјалист по гинекологија и акушерство

vladimir.kizheski@zmc.mk

Види го профилот
Љупчо Петровски

Прим. д-р Љупчо Петровски

Спец. акушер-гинеколог, супспец. перинатолог

ljupcho.petrovski@zmc.mk

Види го профилот