Напредок во урологијата – нова надеж за машката плодност

јануари 01,2026

Оваа година, уролошкиот тим на Клиника Жан Митрев започна со примена на современ хируршки микроскоп при изведување на микро-ТЕСЕ процедурата – напредна техника која претставува значаен чекор напред во третманот на машката неплодност.

Со користење на високо-моќен оперативен микроскоп, прецизно се идентификуваат и извлекуваат семиниформните тубули со најголема веројатност да содржат сперматозоиди. Оваа метода нуди нова надеж за мажи со опструктивна азооспермија, значително го зголемува успехот при пронаоѓање сперматозоиди и истовремено го минимизира оштетувањето на тестикуларното ткиво.

Посветени на иновации, прецизност и грижа за секој пациент.