00389 2 3091 484
јануари 20, 2021
Во светски рамки, но и кај нас, малигните заедно со кардиоваскуларните заболувања се водечки причини за смрт.
Ракот на грлото на матката пак е седмиот најчест вид на рак, а е четврта најчеста причина за смрт кај жените болни од рак. Статистиката вели дека во последните години бројот на жени со оваа дијагноза значително се зголемил. Така во 2020 година на 604 000 жени им бил дијагностицирсан рак на матката, а околу 342 000 жени починале од оваа болест. Овие бројки се доволна причина да се насочи вниманието кон овој глобален здравствен проблем.
Во справување со ракот на матката и репродуктивните органи, Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC International Agency for Research on Cancer) е таа која ја насочува глобалната стратегија на Светската здравствена организација и препорачува активности за подигање на свеста.
Што треба да знаеме?
Ракот на матката е еден од видовите рак кој може да се превенира и третира соодветно поради фактот што за среќа познат е главниот предизвикувач, тоа е вирусот ХПВ (Human Papilloma Virus).
Постои и соодветна вакцина против високоризичните форми на ХПВ, а скрининг програмите исто така можат да ги откријат симптомите во рана фаза и со тоа да се преземе навремен третман во лекување на оваа болест.
За жал иако ХПВ инфекциите се јавуваат кај околу 80 проценти од сите сексуално активни луѓе, симптомите можат да бидат отсутни, и партнерите да не бидат свесни дека се заразени се до моментот кога ракот не дојде во напредната фаза.
ХПВ генерално предизвикува промена во клетките на грлото на матката, кои можат да доведат до развој на цервикална интраепителна неоплазма, која може да доведе до рак.
Ракот на грлото на матката може да се манифестира со вагинално крварење.
Првите препознатливи симптоми на болеста се:
водлест или сукрвичав секрет од вагината, обилен и со непријатен мирис
крварење од вагината во текот и по половиот однос, меѓу две менструации или по менопаузата, менструациите се пообилни и траат подолго од вообичаено умерена болка за време на сексуален однос.
Затоа, без разлика дали постојат симптоми или не, препорачаните скрининзи, брисеви и гинеколошки прегледи треба да се прават редовно.