00389 2 3091 484
мај 05,2023
Клиничката болница Жан Митрев и оваа година традиционално ја поддржува Европската кампања за подигање на свеста за рано откривање на карцином на кожа. Својот придонес кон оваа кауза ќе биде во форма на еднодневна акција со обезбедени бесплатни дермоскопски прегледи кои ќе ги изведуваат нашите дерматолози д-р Анџелка Илиева и д-р Александра Лазаревска. Прегледите ќе се спроведат на 3 локации и тоа: 18 мај Жан Митрев Клинка во Скопје во периодот од 10:00 -17:00 часот. 22 мај Жан Митрев Дијагностик Битола 12:00- 17:00 часот и 25 мај Жан Митрев Дијагностик Струмица 11:00- 17:00 часот
Закажете го Вашиот бесплатен преглед на 02/ 3091-484 Скопје, 047/266-633 Битола и 034/320-302 Струмица и добијте дополнителни насоки за превенција на ракот на кожата и совети како правилно да се грижите за здравјето на вашата кожа. РАКОТ НА КОЖАТА СЕ ЛЕКУВА ДОКОЛКУ СЕ ОТКРИЕ НАВРЕМЕ!