Бесплатни кардиоваскуларни прегледи и ортопедски консултации по повод Светскиот ден на здравјето

Дневна доза здравје

април 28, 2010

Болницата за хирушки болести „Филип Втори“ ја продолжува кампањата за борба против кардиоваскуларните болести. На Светскиот ден на здравјето – 7 април – беа организирани бесплатни кардиолошки прегледи и ортопедски консултации во Филип Втори Инфо, во центарот на Скопје. Посетителите на Инфо центарот имаа можност да дегустираат и ФИЛА – ладно цедено масло од сончогледово семе, препорачано од др.Жан Митрев.