БЛАГОДАРНОСТ ДО ПЕРСОНАЛОТ НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА „ФИЛИП ВТОРИ“

Дневна доза здравје

август 08,2012

Благодарност до персоналот на Специјална Болница „Филип Втори“

Соработката помеѓу специјалната болница „Филип Втори“ и средното медицинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица продолжи и оваа година. Во периодот од 18.06.2012 до 22.07.2012, седум ученици ја поминаа својата летна пракса во нашата болница, со цел директно запознавање со работата и добивање на вистинска слика за професијата. Учениците се запознаа со основните обврски на средниот медицински персонал на сите оддели во болницата (дијагностички центар, интензивна нега, оперативен блок и одделение за кардиологија) каде активно беа вклучени во секојдневната работа.

БЛАГОДАРНОСТ ДО ПЕРСОНАЛОТ НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА „ФИЛИП ВТОРИ“ СКОПЈЕ

По иницијатива на Проф. Емилија Котеска, за што бескрајно и благодариме, започнавме заедничката соработка меѓу нашето училиште и Специјалната болница „Филип Втори“, а како резултат на оваа соработка, дел од феријалната пракса ја извршивме во Вашата здравствена установа. Во чест на ова сакаме да искажеме огромна благодарност до сите Вас.Со голема желба и многу љубов кон нашата идна професија застанавме пред Вашите врати, желни за знаење и надополнување од онаа што го стекнавме од нашите сакани професорки Емилија Котеска и Елена Штрклева. Вие не само што ги отворивте вратите на Вашата клиника, туку ги отворивте и Вашите срца, полни со љубов, трпение и разбирање кон нашата младешка нетрпеливост и понекогаш избрзливост.

Застанавте мирно и сигурно да ни објасните и да не подучите, но и помалку да не проверите од онаа што веќе сме го стекнале порано или со Вас го научивме.Вашите големи срца и храбри, но и сигурни раце што спасиле многу животи, нам ни дадоа самодоверба и сигурност да продолжиме по патот по кој Вие цврсто чекорите. Ви благодариме за трпеливоста и љубовта која ни ја даривте за овие седум дена.

Од групата ученици од средното медицинско училиште „Димитар Влахов“, кои беа на пракса во Специјалната болница ,,Филип Втори‘‘,

Ви благодариме