Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.02.2013

18-ти Ноември, Европски ден за рационална употреба на антибиотици

18-ти Ноември, Европски ден за рационална употреба на антибиотици

Антимикробните средства, познати и како антибиотици, се лекови кои ги убиваат бактериите или го спречуваат нивниот раст. Но, не сите антибиотици се ефикасни кон сите бактерии. Исто така, тие не се делотворни против вируси. Има повеќе од 15 различни групи на антибиотици кои се разликуваат по структурата и нивната антибактериска активност. Несоодветната и прекумерна употреба на антибиотици е главна причина за појава на резистентни соеви.Од нас зависи дали рационално ќе ги користиме антибиотиците или ќе преминеме во постантибиотска ера!Што е антибиотска резистенција?Бактериите имаат антибиотска резистенција кога специфичен антибиотик ја губи способноста да ги уништи или да го спречи растот на бактериите. Некои бактерии се природно резистентни на одредени антибиотици. Но, многу позагрижувачки проблем е кога бактериите кои се нормално осетливи на антибиотици, ќе постанат резистентни како резултат на генетски промени. Резистентните бактерии живеат во присуство на антибиотици и продолжуваат да се размножуваат предизвикувајќи болест и смрт. Зошто треба да се грижиме за антибиотската резистенција?Употребата на антибиотици има влијание не само на индивидуата туку и на целото општество. Антибиотиците се единствени „општествени“ лекови, бидејќи третманот на индивидуата може да го погоди целото семејство, заедницата и општеството. Колку сериозен проблем е антибиотската резистенција?Ситауцијата станува се посериозна со појавата на нови соеви на бактерии кои се резистентни на неколку антибиотици истовремено (MDR – Multidrug Resistant bacteria). Некои бактерии може да постанат резистентни на речиси сите антибиотици. Без антибиотици, ние ќе се вратиме во „пре-антибиотската ера“ , кога орган трансплантација, хемотерапија, интензивна нега и останатите медицински процедури нема да бидат возможни. Инфекциите ќе се шират, нема да можат да бидат успешно третирани, и ќе бидат неприкосновена причина за смрт.Која е најважната причина за антибиотска резистенција?Прекумерната и несоодветна употреба на антибиотици ја овозможува и забрзува појавата и ширењето на антибиотик – резистентните бактерии. Кога бактериите се изложуваaт на дејство на антибиотици, осетливите биваат убиени а, резистентните продолжуваат да растат и да се размножуваат. Овие резистентни бактерии може да се шират и да предизвикаат инфекции и кај луѓе кои предходно не земале антибиотици.Што можеме да направиме за да ги зачуваме антибиотиците ефикасни?Рационалната употреба на антибиотици може да помогне во спречување на појава на резистентни бактерии и да ги одржи ефикасни антибиотиците и за следните генерации. Затоа е важно сите да знаеме кога е потребно да земеме антибиотик и како?

Да ги зачуваме антибиотиците ефикасни е одговорност на секој поединец!