Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.05.2023

25 мај – Светски ден на тироидна жлезда

Денес е Светскиот ден на тироидната жлезда. Овој ден за прв пат започнува да се одбележува во 2008 година, со цел да се поттикне поголема свесност за заболувањата предизвикани од нарушената функција на тироидната жлезда. Превенцијата и навремената дијагноза и третман, претставуваат најдобар начин за намалување на бројот на овие заболувања.
Нарушувањата на тироидната жлезда може да бидат од морфолошки или од функционален карактер. За да се утрвдат истите потребно е да биде направен ендокринолошки преглед и лабораториски иследувања.

Морфолошките или нарушувањата во структурата на жлездата се манифестираат како нодуларни или цистични формации, додека функционалните нарушувања може да стимулираат прекумерно создавање на тироидни хормони (хипертироидизам) или да предизвикаат уништување на жлездата и недостиг на хормони (хипотироидизам). Во нарушувања на тиродната жлезда спаѓаат и акутното воспаление (субакутен тироидитис) и хроничното воспаление (Хашимото тироидитис).
Карциномот на тироидната жлезда е најчесто малигно заболување на ендокриниот систем. Диференцираните тумори како папиларниот карцином или фоликуларниот карцином на тироидната жлезда, често може да се излекуваат, а прогнозата е добра за пациентите кај кои заболувањето е откриено во рана фаза. Анапластичниот карцином е агресивен, слабо реагира на третман и е со лоша прогноза. Медуларниот карцином опфаќа 5-10% од сите типови карциноми на тироидната жлезда.

Лекувањето на карциномите првенствено се состои од хируршка интервенција.

Иследувања
– Лабораториско испитување (хормонски анализи)
– Радиодијагностичко иследување (Ултразвук на тироидна жлезда, КТ на врат)
– Тенкоиглена биопсија на јазол (ФНАБ)

Третман
– Медикаментозен третман
– Хируршки третман