Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

20.07.2021

7 чекори за добро хидрирана кожа

Што е хидрирана кожа?

Природно е да помислите на вода кога ќе го слушнете зборот „хидратација“. Со право, хидрирање на кожата значи зголемување на содржина на вода во неа. Ако вашата кожа е дехидрирана, таа може да изгледа испукана, затегната, сува и без сјај.
Хидрираната кожа е мазна, сјајна и има изедначен тон. За да го постигнете ова, треба од време на време да ја задоволите ,,жедта,, на вашата кожа.
Сепак, луѓето често имаат тенденција да ја мешаат дехидрираната кожа со сувата кожа. Иако се користат како синоними, сепак постои основна разлика помеѓу двете.

Дехидрирана кожа наспроти сува кожа

На дехидрираната кожа и недостасува вода, додека на сувата кожа и недостига доволно количество на себум. Сувата кожа може да биде и резултат на конзумирање одредени лекови или пак заболувања.
Факторите на влијание како: клима, начин на живот, возраст и производите што ги нанесувате на вашата кожа може да придонесат за промена на типот на вашата кожа.

Симптоми на сува кожа:

  • Јадеж
  • Црвенило
  • Испукана кожа
  • Иритирана кожа
  • Симптоми на дехидрирана кожа
  • Затегната и темна кожа
  • Истакнати темни кругови и сенки околу очите
  • Јадеж и чувство на пецкање
  • Присуство на фини линии / брчки
  • Сува уста
  • Подуени очи

Хидратација наспроти навлажнување

Додека хидрирањето на кожата бара да и додадете вода, навлажнувањето на кожата подразбира додавање состојки кои ја заклучуваат водата внатре. Навлажнувањето и хидратацијата вообичано треба да одат рака под рака.
Ако само додадете вода на кожата, може привремено да се чувствува оптегната. Сепак, водата ќе исчезне од вашата кожа ако нема со што да ја задржите.
Навлажнувањето вклучува додавање состојки кои ја сочувуваат влагата и ја поправаат бариерата на вашата кожа. Ова спречува губење на вода и ја подобрува текстурата и здравјето на вашата кожа.

Како да ја хидрирате кожата во 7 чекори

  1. Пијте соодветна количина на вода
    Првиот чекор за хидрирање на кожата е хидрирање на вашето тело. Се препорачува да пиете најмалку 8 чаши вода секој ден. Вашето тело може да бара повеќе, во зависност од вашите дневни активности и тежина.
  2. Користете производи за хидратантна нега на кожата
    Доколку имате дехидрирана кожа се препорачуваат креми на база на вода. Производите што продираат низ вашата кожа и доставуваат вода се од витално значење ако имате дехидрирана кожа. Побарајте производи со следниве хидратантни состојки:

A. Хијалуронска киселина
Таа игра важна улога во хидрирање на вашата кожа и одржување на нејзината еластичност. Водоврзувачките својства на хијалуронска киселина помагаат во надополнување на вашата кожа, а исто така спречуваат рани знаци на стареење.
Б. Глицерин
Тој е популарна состојка во индустријата за убавина, има хидратантни својства кои можат да ја ослободат кожата од чувство на сувост и чешање. Ова е затоа што глицеринот е навлажнувач. Значи, работи со привлекување на влага од околината на површината на вашата кожа.

C. Уреа
Таа е широко користена состојка во дерматолошкиот свет, уреата ги раскинува/олабавува врските и го распаѓа закоравениот протеин, ослободувајќи ја кожата од грубост и чешање.

D. Керамиди
Ова се состојки за надополнување на кожата, како цементот што ги поддржува тулите на зградата. Тие ја сочинуваат и поправаат бариерата на вашата кожа, што спречува губење на вода и поттикнува задржување на влажноста.

Е. Пантенол
Тоа е состојка која продира низ кожата и им дава влага на клетките. Исто така, спречува губење на меѓуклеточна вода. Ова значи дека ги подобрува функциите на кожата како бариера преку стимулирање на клетките кои ја зголемуваат истата.

  1. Избегнувајте многу жешки и долги тушеви
    Колку и да звучи контрадикторно, долго капење може да ја анулира бариерата на вашата кожа. Ова може да резултира со губење на внатрешната влагата и потребните масла, што може да ја дехидрира вашата кожа. Користењето на млака вода додека се бањате е идеално.
  2. Разгалете се со маски за лице
    Маските за лице се преполни со хидрирачки состојки. Вклучувањето на хидратантна маска за лице во вашиот дневен режим за нега на кожата ќе ја задржи вашата кожа мазна и влажна. Исто така, со ова може да се намали појавата на фини линии и темни кругови.
  3. Користете навлажнувач
    Навлажнувач може да се користи кога содржината на влага во воздухот околу вас е мала. Ова може да биде особено корисно за време на сувите зимски месеци.
  4. Кремот за сончање е задолжителен
    Нанесете крем за сончање со широк спектар за да спречите оштетување на кожата од УВА и УВБ секој пат кога ќе излезете во текот на денот. Изложеноста на сонце може да ја дехидрира вашата кожа, предизвикувајќи таа да ја изгуби влагата и да ги распадне колагенот и еластинот, кои се одговорни за нејзината цврстина и еластичност. Ова може да предизвика предвремени знаци на стареење.
  5. Јадете храна богата со вода
    Овошјето и зеленчукот не само што хидрираат, туку се корисни за вашата кожа на многу други начини. Овошјето на база на цитруси, како портокалите и лимоните, се преполни со сок и се богати со витамин Ц, што е од витално значење за одржување на текстурата на вашата кожа. Храната богата со витамин А и Б3 е исто така неопходна за подобрување на целокупното здравје на кожата.

Освен овие неколку основни секојдневни чекори, најдобар и најбрз метод да обезбедиме длабинска хидратација на кожата, особено во летниот период е со третмани на мезотерапија кои се достапни во нашиот центар за естетска дерматологија каде сега консултацијата е бесплатна.