Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

30.09.2015

8-ми Септември – Светскиот ден на Физиотерапевтите


8-ми Септември – Светскиот ден на Физиотерапевтите

Светскиот ден на Физиотерапевтите се одбележува секоја година на 8-ми септември. На тој ден физиотерапевтите од целиот свет имаат можност да ја подигнат свеста за клучен придонес во професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни. Овој ден се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти.
Во 1996 година, Светската конфедерација на физиотерапија (WCPT) го определи 8 септември како Светски ден на физиотерапевтите. Тоа е датумот кога е основана во 1951.
WCPT е непрофитна организација која е посветена на унапредувањето на професијата физиотерапевт и подобрување на глобалното здравје. Се верува дека секој поединец има право на највисок можен стандард на соодветно здравството, испорачано со доверба и почитување на човековото достоинство.
Македонските Физиотерапевти се уште не се дел од Светската конфедерација ( WCPT ) но сепак се идентификуваат со своите колеги и заедно со нив со гордост го одбележуваат празникот на професијата. Оваа година е многу значајна за физиотерапевтите во Македонија имајќи предвид дека во март се одржа долго очекуваниот Прв конгрес на Физиотерапевтите во Скопје кој ја „размрда“ медицинсктата јавност и физиотерапевтите ја покажаа својата професионалност.
Македонските Физиотерапевти се единствени во светот кој освен професионалниот празник на ист ден го прославуваат и денот на независноста на татковината, Република Македонија.Останува желбата да се биде дел од WCPT и да се биде независен со соптвена приватна физиотерапевтска пракса како колегите од 106 членки на WCPT.
Поздравете ги своите Физиотерапевти на овој ден честитајте им го Професионалниот празник !!!
“Можеби докторите спасуваат животи но сепак ФИЗИОТЕРАПЕВТИТЕ го прават тој живот вреден за живеење ! ”