Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

07.09.2020

8 Септември – Светски ден на Физиотерапевтите

На 8 Септември се одбележува светскиот ден на физиотерапевтите. На овој ден во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение, редовно се спроведуваат бројни активности организирани од страна на физиотерапевтите.

Оваа година светскиот ден на физиотерапевтите се одбележува под мотото “Рехабилитација и Ковид – 19”. Фокусот е рехабилитацијата на пациентите после Ковид-19 и улогата на физиотерапевтите во третманот и менаџирањето на лицата заразени од Ковид-19.

Кампањата е фокусирана на следниве клучни пораки:

  • Вежбите играат многу важна улога во закрепнувањето на лицата од Ковид – 19
  • Како експерти за движењето, физиотерапевтите може да ги воведат пациентите во тоа како вежбите може да помогнат во заздравувањето;
  • Лицата кои имаат сериозни проблеми од Ковид – 19 ќе имаат потреба од рехабилитација и физиотерапија за закрепнување од влијанието на третманот на болеста;
  • Примената на онлајн консултациите може да им овозможи полесен пристап на пациентите до физиотерапевт за да им помогне во третманот на состојбата од влијанието од Ковид – 19;
  • Онлајн консултациите може да бидат ефективни како и конвенционалните методи на здравствена заштита за подобрување на физичката функција.

Со оглед на тоа дека целиот свет е под влијание на пандемијата, препораките на World Physiotherapy, а и на СЗО се да не се одржуваат настани со големи групи на луѓе поради ризикот од пренесување на SarsCov2 вирусот па затоа се зададени и одредени препораки за соодветно одбележување на денот.

Светскиот ден на физиотерапевтите се прославува секоја година на овој ден, бидејќи тоа е денот кога е основана Светската Конфедерација за Физикална терапија во 1951 година, која во 2020 година беше преименувана во Светска физиотерапија  (World Physiotherapy). На овој ден,  физиотерапевтите ја промовираат својата професија со цел да:

  • ја покажат значајната улога на професијата за здравјето и благосостојбата на глобалното население
  • се спроведува кампања во име на професијата и нејзините пациенти до владите и креаторите на политики
  • го подигнат профилот на професијата.

Денот го одбележува единството и солидарноста на заедницата за физиотерапија низ целиот свет која ги етаблира нивната активности за своите пациенти и заедницата.

Светската физиотерапија има за цел да ги поддржи своите организации-членки и индивидуалните физиотерапевти во нивните напори да ја промовираат професијата и да го унапредат глобалното здравје, користејќи го Светскиот ден на физиотерапевтите како фокус.

За прв пат оваа година промотивниот материјал за одбележување на светскиот ден на физиотерапевтите од страна на раководвството на Македонското физиотерапевтско здружение, а во соработка со World Physiotherapy е преведен на македонски јазик за полесна достапност до сите колеги од државата, а и до пациентите и истиот е објавен на нивната официјална веб страна https://world.physio/wptday/toolkit .