Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

21.09.2015

Амбулантски анестезии

Амбулантски анестезии

Амбулантските анестезии се користат за краткотрајни хируршки или дијагностички процедури кои можат да бидат непријатни или болни за пациентот. Анестезијата предизвикува краткотрајна состојба на вештачки сон и обезболување, за време на кој безбедно, брзо и безболно можат да се извршат соодветните процедури или зафати. Како и пред секоја друга анестезија, соодветно пред самата интервенција се зема кратка анамнеза од пациентот, ризик фактори, заболувања и се одбира соодветниот анестетик. Се поставува на неинвазивен мониторинг, ЕКГ, неинвазивно мерење на притисок и периферна сатурација. На пациентот му се дава да дише кислород на маска неколку минути пред самиот почеток на анестезијата, таканаречена преоксигенација. Покрај другото анестезијата предизвикува и антероградна амнезија, односно пациентот не се сеќава на ништо за време на процедурата. Се даваат и хипнотици, лекови кои предизвикуваат вештачки сон и на крај аналгетици, лекови против болка. Кога пациентот е безбеден во состојба на сон и обезболен може да се почне со соодветната интервенција.
Овој вид на анестезија може да се користи при:

едноскопски процедури (гастроскопија, колоноскопија, цистоскопија)

обработка и преврска на хируршки и хронични рани

дијагностички процедури (трансезофагеално ехо)

Пациентите после завршување на процедурите се будат за кратко време и се задржуваат уште два до три часа на опсервација, односно додека целосно не помине дејството на анестетиците.

Др. Тања Грамосли

Др. Марко Ѓоргон